Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2910620 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Како беше онаа, ако 3 месеци не си казнет, казна.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Морее ќути да не се заречам, само еднаш ме имаат казнето пошто у пајак служба на мвр шалтерот најкултурно прашав зашто ми е отстрането возилото кога месеци уназад таму постојано се паркираат коли, а на тротоарот од карши не се пипнати колите, додека на тротоарот погоре на улицата се наплаќа паркирањето. Следеше типично комплексашко џандарско понашање, сеа ја ќе ти кажам, дај ми ја ваму возачката и коа видов дека ми пишуе казна се истурив најдско што може на кулутурен начин, припазувајќи ја границата за да не ја навредам полициската службеничка, а доволно за да ја напнам малку од малку :)
А да, пазете си на првомасјка према драчево каде што се стеснува улицата, карши марија трејд бензинската у последно време стојат многу често џандари и тоа обавезно со радар.
98% од времето таму не возам појше од 70-80, ама не знам што ме акна у глава една вечер се улетав ко сивоња со 100ина, коа ги видов џандарите нозе ми се пресекоа, дури ни кочница не стиснав, онака си се помирив дека го лапнав со се јајциња и како се приближувам ја глеам џандарката го тртка нешто радарот за да почне да мери, ауууу си го пуштив низ ногавици од што ми олесна. Само што ги поминав у ретровизор глеам „пука“ со радарот.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Задолжителното носење на возачката книшка е една од поголемите глупости во ЗБСП, со кое како и останатите и јас лично не се согласувам. Арно ама, законска обврска е, а ние тука нели нон стоп драмиме дека не не бива како народ и држава затоа што никој не ебе жива сила, ни закони, ни правила, ни прописи итн, тогаш нели треба да ја почитуваме таа одредба од законот, без разлика дали ни се допаѓа или не и да престанеме да мрчиме по жацото што ни ја пишал казната.

До пред извесен период немав извадено возачка книшка се додека не ме запре жацо во Кратово и ми ја побара. Кога му реков дека немам, на мое лично изненадување жацото љубезно ми рече дека 100 евра е казната и да си извадам што поскоро. Не се искурчи на за нив својствен начин како што знаат многу од нив и ајт создравје. Возачка книшка извадив најмногу поради односот на жацото верувале или не. Е сега, малце е незгодна за носење кога често менуваш коли ама тоа е Македонија, зашто да биде просто кога може да биде сложено  :D.

П.С Во случај жацото да ми пишеше честитка кој ќе беше крив? Он или јас?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Да бевме нормална држава, некој таму на комисија у собрание коа ги правеа измените у законот ќе размислеше и ќе речеше, дајте ова со возачкава книшка е глупаво бидејќи не претставува никаков документ со кој што докажуваш идентитет или категорија за возење или шо и да е друго битно, и да не предвидат глоба за неносење. Ама пошто кај нас никој ништо не мисли и се носат закони така како што се носат (да не ја терам темава у политика), затоа се случуваат вакви глупи и нелогични работи.
Иначе, погоре прочитав у србија немало некој закон кај нас имало, побарајте го во хрватска или словенија, многу поголема е веројатноста од таму да е препишано.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Многу им е сложено да си водат евиденција за казнени вкомпјутер затоа вака..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Јас имам две возачки книшки со идентична слика, по една во секоја кола и мирна ми е главата.

Sent from my Huawei P9


Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Мене не ми ја побарале, ама на еден жацо доброволно му ја дадов, пошто ја м`кнам по торби со мене.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Да бевме нормална држава, некој таму на комисија у собрание коа ги правеа измените у законот ќе размислеше и ќе речеше, дајте ова со возачкава книшка е глупаво бидејќи не претставува никаков документ со кој што докажуваш идентитет или категорија за возење или шо и да е друго битно, и да не предвидат глоба за неносење.
Зошто е глупаво? Мислиш не е практично да ја носиш.
Па ти имаш корист од тоа да ја носиш:
1. Заштедуваш што нема да те казнат за неносење
2. Ако ја имаш книшката и све уредно, зимска опрема, прва помош, апарат за пожар, уредно залепена лепенка, љубезен си со полицаецот и уреден во документацијата, сигурен сум дека нема да те казни ако возиш 90 каде што е дозволено 80.
3. Ако ти се подсоберат поени, ќе го замолиш пандуро да ти стави помала казна од 15 поена наместо да ти ја земе возачката за пртекнување на полна, има добри шанси да те поштеди, ќе кажеш работа, фамилија, молим те не ми прави социјален проблем ќе останам без работа и ќе ти прости.
4. Ако треба да бара низ компјутери колку казни имаш, па ќе види историја дека редовно правиш прекршоци, башка го замараш у сред гужва/ноќ епа ќе те казни мајку му, си залсужил. Вака на што побрзо и поелегантно завршиш работа, помали се шансите да те опељуши.

Треба човек и тоа што на прв поглед не чини да го употреби во своја полза, наместо да му се прави паметен на пандуро и да испадне магаре на крај.

На мој познаник пред некоја недела му пишале казна за неносење возачка книшка. 100 евра или 45 казнени поени. Колкаво копиле треба да си, кога гледаш дека човекот едвај некако скрпил крај со крај да купи некое скромно количе, да има со што да го однесе детето наваму натаму, и да му пишеш 100 евра за возачка книшка.

А онда прв си за пљукање (не ти него општо зборам) и серење како сељаци врие по патиштава, со неисправни коли, нерегистрирани, некултурни и недисциплинирани, како државата не ни ја бивало и останати срања. А ваму ќе ги к'лнеме службениците зошто некое твое другарче не се позамара една документација уредно да понесе.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Цитат
љубезен си со полицаецот и уреден во документацијата, сигурен сум дека нема да те казни ако возиш 90 каде што е дозволено 80
Добра шега Миле, лајк.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Цитат
љубезен си со полицаецот и уреден во документацијата, сигурен сум дека нема да те казни ако возиш 90 каде што е дозволено 80
Добра шега Миле, лајк.

Не е шега, мене редовно ми се случува тоа последниве 5 години. 2-3 пати ме имаат застанато така и ниеднаш не ме казниле.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Тоа само со ептен пушење она сочно да му дое на џандарот топло во шуплината кај што треба да има душа па да те пушти. Па после да се тушираш дома со саати зошто се осеќаш прљаво
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Миле, да те застанат за најмал дебилен прекршок кој ќе те чини 300 евра па после дојди во темава и објаснувај како е да бидеш љубезен со некој жацо кој денеска единствена желба му е да се иживљава со народот. А у Чаир ко да не постојат семафори.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Демек сеa, џaндaрите се криви зa Чaир?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Немој за Чаир да ми кажуваш, цел живот сум таму и не постои ни полиција ни џандари ни семафори ни пешачки ни едносмерни!

За ништо не се казнува во Чаир/Гази Баба/Џон Кенеди/Топанско итн.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Не ти кaжувaм, те прaшувaм. Зoштo нa секoе плaчење гo спoмнувaте Чaир.
Штo е муaбетoт, демек aкo спoмнеш ќе се реши прoблемoт?