Да бевме нормална држава, некој таму на комисија у собрание коа ги правеа измените у законот ќе размислеше и ќе речеше, дајте ова со возачкава книшка е глупаво бидејќи не претставува никаков документ со кој што докажуваш идентитет или категорија за возење или шо и да е друго битно, и да не предвидат глоба за неносење.
Зошто е глупаво? Мислиш не е практично да ја носиш.
Па ти имаш корист од тоа да ја носиш:
1. Заштедуваш што нема да те казнат за неносење
2. Ако ја имаш книшката и све уредно, зимска опрема, прва помош, апарат за пожар, уредно залепена лепенка, љубезен си со полицаецот и уреден во документацијата, сигурен сум дека нема да те казни ако возиш 90 каде што е дозволено 80.
3. Ако ти се подсоберат поени, ќе го замолиш пандуро да ти стави помала казна од 15 поена наместо да ти ја земе возачката за пртекнување на полна, има добри шанси да те поштеди, ќе кажеш работа, фамилија, молим те не ми прави социјален проблем ќе останам без работа и ќе ти прости.
4. Ако треба да бара низ компјутери колку казни имаш, па ќе види историја дека редовно правиш прекршоци, башка го замараш у сред гужва/ноќ епа ќе те казни мајку му, си залсужил. Вака на што побрзо и поелегантно завршиш работа, помали се шансите да те опељуши.
Треба човек и тоа што на прв поглед не чини да го употреби во своја полза, наместо да му се прави паметен на пандуро и да испадне магаре на крај.
На мој познаник пред некоја недела му пишале казна за неносење возачка книшка. 100 евра или 45 казнени поени. Колкаво копиле треба да си, кога гледаш дека човекот едвај некако скрпил крај со крај да купи некое скромно количе, да има со што да го однесе детето наваму натаму, и да му пишеш 100 евра за возачка книшка.
А онда прв си за пљукање (не ти него општо зборам) и серење како сељаци врие по патиштава, со неисправни коли, нерегистрирани, некултурни и недисциплинирани, како државата не ни ја бивало и останати срања. А ваму ќе ги к'лнеме службениците зошто некое твое другарче не се позамара една документација уредно да понесе.