може не викам не. Последен пат се изнервирав добро пред некоја година кога излегував од паркингот кај тинекс-аеродром оној големиот на булевар 3-та македонска бригада, излегувајки од паркингот му го пресеков патот на дечко со комбе што идеше од кај улицата каде е авто-мобил оние што работат со амортизери. Уствари не му пресеков пат туку едноставно 2 секунди пред него излегов. Одма на семафорот јас идев право, а за мене беше црвено, а типот идеше десно и за него беше зелено, а улицата има само една лента. И така чекаме, и типот одма почнува да ми свири едно 4-5 пати онака нервозно, ја си велам кој му е крив од кај да знам дека сакал десно да иде, да знаев ќе почекав на раскрсницата. Не е прв пат да ми свират без причина бидејќи имам велешки таблици во Ск

. И иако бев прв на семафорот, типот решава да ме заобиколи, подзастанува паралено и пцуе нешто да ти е. велешкиот ово оно... ме претица и тогаш решив и јас да го сменам правецот и да одам по него, и така го стасав по неко време ама зајкото веќе не беше така храбар,нејќеше да застане.. Тоа и ми беше муабетот, после 5мин си реков батали тие работи, а со тек на време човек учи дека не вреди да се замара со другите луѓе од таква сорта. Може човекот имал тежок ден, или има предрасуди итн. секој со своето..