Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3579567 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4713
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13605 на: 31 Октомври 2016, 12:52:07 pm »
немора да значи дека колата е застаната,може возел и свртел мислејќи дека е ок.секако не ми се верува со 50 да влегол,ама со 20-30 е веројатно

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13606 на: 31 Октомври 2016, 13:11:20 pm »
Како и да е, мислам дека учесниците виделе дека сообраќајката е неизбежна и колку толку закочеле, пошто е удар од напред, не е од позади(или од десно на колата да идел моторот), ама се си бива. Тука единствено нема дилема кој ке го изеде подебелиот крај(освен ако не е бате у мвр), колку  и да возел моторот, колата врте на полна лента.

Инаку ова со крадењето коли стана некој тренд? Дали сами си ги крадат или бугарскиот занает некој го има упраксано?

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13607 на: 31 Октомври 2016, 13:19:22 pm »
Митбастерс збореа за во ѕид. А филип рече во кола застаната. Така што тој дел од репликата му е точен.

Баш ме интересира како заклучи дека му е точен?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг:
« Одговори #13608 на: 31 Октомври 2016, 13:25:12 pm »
Ако удриш во ѕид тој е ригиден и нема пластична деформација која апсорбира енергија. Ако удриш во застаната кола таа се деформира и апсорбира енергија исто како и кога се движи.
Ете го видеото горе. Кога едно нешто се деформира како со едната глина тогаш целата енергија оди во него. А кога две глини се деформираат тогаш по пола од енергијата оди во секоја глина.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13609 на: 31 Октомври 2016, 13:30:39 pm »
ФилипВ без скица, без записник за увид, без соодветно образование успеа да утврди дека некој возел над дозволеното.

А јас глуп на клиентиве им викам мора вешто лице од сообраќајна струка да ангажираме за да каже кој и колку е виновен и на тоа вешто лице секако му се потребни што повеќе фотографии и што повеќе податоци за да каже што и како се случило.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13610 на: 31 Октомври 2016, 13:32:37 pm »
@Banzai филип не заклучи, туку он само се клади дека е така. Според него тоа е reasonable guess. Само тешко да дознаеме што се случило и дали има 0% вина тој со моторот или 5% вина.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13611 на: 31 Октомври 2016, 13:37:12 pm »
Симо му одговори убаво што ние може да знаеме, а за што појма немаме ниту сме стручни основано да претпоставуваме. Па потоа и да не учи дека некој знаел или не знаел сообраќајни правила врз база на неговите основи за кладба (нека не бидат заклучоци).

Она што ние го знаеме е дека тој со колата пресекол две пуни линии и предизвикал несреќа.
Од состојбата и згмеченоста на лимот, ние не можеме да оцениме со колку км/ч возел тој со моторот.
Без разлика со која брзина возел моторџијата, јасно е кој ја предизвикал несреќата.
Моторџијата со (евентуалното) брзо возење, само придонел за тежината на последиците од несреќата.


Може да дознаеме ако случајно предметот заврши кај мене, па за некое време се заврши како што ќе се заврши. Али џабе ќе биде тогаш што и да кажам, затоа што пак за секоја сообраќајка според ФилипВ ќе има основ за кладба (да бидам попрецизен) дека некој возел пребрзо или не бил врзан.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13612 на: 31 Октомври 2016, 13:51:48 pm »
Ако удриш во ѕид тој е ригиден и нема пластична деформација која апсорбира енергија. Ако удриш во застаната кола таа се деформира и апсорбира енергија исто како и кога се движи.
Ете го видеото горе. Кога едно нешто се деформира како со едната глина тогаш целата енергија оди во него. А кога две глини се деформираат тогаш по пола од енергијата оди во секоја глина.

Не си го запазил видеото изгледа.


Премотај на 4та минута

Не сум физичар и не знам зошто, меѓутоа деформацијата на колата што удира во зид на 50mph е ИСТА како 2 коли што удираат head on со 50mph, и не соодведствува со деформација при удар со 100mph.  :)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13613 на: 31 Октомври 2016, 14:04:07 pm »
Цитат
Може да дознаеме ако случајно предметот заврши кај мене, па за некое време се заврши како што ќе се заврши. Али џабе ќе биде тогаш што и да кажам, затоа што пак за секоја сообраќајка според ФилипВ ќе има основ за кладба (да бидам попрецизен) дека некој возел пребрзо или не бил врзан.
2 најбитни работи, кои се најчесто за предизвикување на сообраќајна несреќа и каишот во сообраќајна несреќа итекако спасува живот

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13614 на: 31 Октомври 2016, 16:15:56 pm »
Не си го запазил видеото изгледа.


Премотај на 4та минута

Не сум физичар и не знам зошто, меѓутоа деформацијата на колата што удира во зид на 50mph е ИСТА како 2 коли што удираат head on со 50mph, и не соодведствува со деформација при удар со 100mph.  :)

Што убави коли уништија :D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13615 на: 31 Октомври 2016, 17:46:37 pm »
Вие па со цел памет се обајаснувате со Филип, на кој што очигледно му е досадно. Јасно е ко ден кој е причинител на сообраќајната незгода, па макар тој со моторот и без возачка да возел.

Иначе, чисто илустративно, пошто живеам у близина. Мал милион пати ми се случило тука да ми пресече некој и за влакно да одбегнам судар, а појше од 40-50 не возам таму, ниту пак има можности и да сакаш да возиш побрзо.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13616 на: 31 Октомври 2016, 17:51:37 pm »
ФилипВ без скица, без записник за увид, без соодветно образование успеа да утврди дека некој возел над дозволеното.

Напротив, потенцирав дека не може да се знае со сигурност од сликата, не прочита?

Би се кладел како е, т.е. сметам дека е многу веројатно.

хедон со 50+50 км/х е слично ко да си се опнал во неподвижна препрека (напр кола под агол и/или со стаписани кочници) со 100 км/ч.
Не.

Во право си, моја грешка, прстот кон моето чело требал да иде  :) хедон 50+50 е ко во неподвижна препрека со 50.

Фала на укажувањето!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45192
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13617 на: 31 Октомври 2016, 18:01:36 pm »
ФилипВ без скица, без записник за увид, без соодветно образование успеа да утврди дека некој возел над дозволеното.

Напротив, потенцирав дека не може да се знае со сигурност од сликата, не прочита?

Би се кладел како е, т.е. сметам дека е многу веројатно.



Ох, колку си ти сигурен, ни сам не си свесен, па и уште се исмејуваш на сметка на оние кои пробуваат да ти посочат дека не си во право и дека неаргументирано претпоставуваш:

Во право сте, комплетно заборавив на точка 23. Но, ако, повторувањето е мајка на знаењето.

Јас, па, глуп замислив вакво сценарио: возачот сака да помине преку две пуни, гледа дали иде некој, гледа мотор во далечината и си вика „далеку е, имам време да поминам“. Арно ама, моторџијата возел дебело над ограничувањата (види оштетувањена колата) со што проценката на поминувачот на две пуни е тотално погрешна - мисли дека има време ама нема.

Всушност, тој што поминувал на две пуни или воопшто не погледнал дали иде некој, или намерно сакал да предизвика судар. Кое било од овие две е далеку пологично објаснување од моето првично, наивно бладање.

Стално треба да се потсетувам дека пребрзо возење не е прекршок, туку е нормално хетеросексуално-православно возење, а дека казните за пребрзо возење служат једино за пунење на буџет, тотално неповрзани со безбедноста во сообраќајот.

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13618 на: 31 Октомври 2016, 18:11:16 pm »
Како и да е, мислам дека учесниците виделе дека сообраќајката е неизбежна и колку толку закочеле, пошто е удар од напред, не е од позади(или од десно на колата да идел моторот), ама се си бива. Тука единствено нема дилема кој ке го изеде подебелиот крај(освен ако не е бате у мвр), колку  и да возел моторот, колата врте на полна лента.

Инаку ова со крадењето коли стана некој тренд? Дали сами си ги крадат или бугарскиот занает некој го има упраксано?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Вчера или завчера бмв 3 e 90 од Битола украдено е.
Само ме чуди за бемвето на толку заштити имобилајзери кодирани ствари и пак е украдено

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13619 на: 31 Октомври 2016, 18:24:54 pm »
Како и да е, мислам дека учесниците виделе дека сообраќајката е неизбежна и колку толку закочеле, пошто е удар од напред, не е од позади(или од десно на колата да идел моторот), ама се си бива. Тука единствено нема дилема кој ке го изеде подебелиот крај(освен ако не е бате у мвр), колку  и да возел моторот, колата врте на полна лента.

Инаку ова со крадењето коли стана некој тренд? Дали сами си ги крадат или бугарскиот занает некој го има упраксано?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Вчера или завчера бмв 3 e 90 од Битола украдено е.
Само ме чуди за бемвето на толку заштити имобилајзери кодирани ствари и пак е украдено

Е90 за овие крцка новиве е Југо во поглед на безбедност од крадци, така да очигледно е лесно да се украдат коливе, само не секој има муда.

What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀