Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3579701 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30821
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13500 на: 20 Октомври 2016, 10:52:15 am »
Проблемот е што кај нас сè уште нема инфраструктура за живеење подалеку од градска околина - нема амбуланти (не па болници), нема продавници, нема училишта, градинки, итн - а сето тоа стребува.

Имам другар и другарка што се во брак веќе неколку години. Кога гледаа каде да живеат, решија да купат плац во Марков Манастир (десно од патот, кон брдото, не лево кон манастирот) и да изградат куќичка. Стварно е прекрасно - мирно, тивко, раат. Арно ама, немаат вода (имаат резервоар), немаат канализација (имаат септичка јама) самите си бркаа работа за струја, итн. Плус, секое одење до центар е приказна самото за ебе.

Од друга страна.. Мирот, тишината, раатот и погледот..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве из
« Одговори #13501 на: 20 Октомври 2016, 10:55:18 am »
Ако ви се проблем сообраќајните гужви, можеби треба да го посетите Тетово или можеби Гостивар за време на rush hour после работа. Додека во Скопје има генерално разбирање на правилата, со исклучок на неколку идиоти кои намерно идат во лента за лево и после се пикаат во лента за право, во горенаведените градови НЕМА разбирање и почитување на сообраќајни правила. Единствено правило кое постои е „стигни дома по секоја цена“.

Скопје е златно, и како студент кој нема среќа веќе да живее таму, ви кажувам дека не си го цените доволно градот. Бидејќи сте во ситуација која не ви дозволува да се преселите во европска метропола, треба да ја чукнете главата од ѕид и да сфатите дека покрај Струмица, Скопје е единствениот град во Македонија во кој се случува нешто, константно.

Во друг град, ќе ве прашам дали ќе начекате луѓе во кафич кога ќе сакате да се напиете по некое пиво со друштво во вторник, на сред недела. Мене лично ми е глупо да сум единствениот што зафаќа маса во локал, каде келнерите те гледаат попреку зошто им тргнала вечерта во легачење и им сметаш за да продолжат да легачат.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве из
« Одговори #13502 на: 20 Октомври 2016, 10:56:14 am »
Има инфраструктура. Ама не околу Скопје. Сите скопски села се запоставени за сметка на главниот град.
Имало и проекти за подобрување на таа иста инфраструктура низ селата.

НО... Бидејќи едно 90% од воџите се глупаци со три реда школо, два реда визија, и еден ред искуство и мерак, ситуацијата е таква каква што е.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13503 на: 20 Октомври 2016, 11:05:55 am »
Има инфраструктура. Ама не околу Скопје. Скоро цела Македонија е запоставена за сметка на главниот град.
Имало и проекти за подобрување на таа иста инфраструктура низ селата.

НО... Бидејќи едно 90% од воџите се глупаци со три реда школо, два реда визија, и еден ред искуство и мерак, ситуацијата е таква каква што е.

Поправено  ;)
New blood of old school

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13504 на: 20 Октомври 2016, 11:09:04 am »
Реално ако не се натегаме проблемот во Скопје е решлив.

1. Многу повеќе полиција, и разноврсна. Точаци/коњи/мотори пред се, не со коли. За да не се моча по подвожњаци и да не се краде. А тоа ќе доведе до точка 2.


2. Метро. Знам дека е забегано скапо од 500м по километар а треба 15км во скопје. Значи 8милијарди. Може и надземно. Toa e поефтино, а и за кај нас можда полесно за правење.


3. Дедицирани автобуски ленти. Ова не е многу скапо, а е круцијално.


4. Oбиколницата да се продолжи од секаде на градот СК.


5. Турбо кружни текови на сите критични раскрсници. И бетонски блокови на многу места против вртење лево. Kое е исто преефтино, а преефикасно решение.



Особено ме нервира што последново го нема кај нас, а може одма да се направи на неколку клучни места.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13505 на: 20 Октомври 2016, 11:09:34 am »
Мартин, зашто мислиш дека услов  за убав град е увек да се дешава нешто и локалите да се преполни?
Колку години имаш незнам..ако си под 25 тогаш можеби и си во право.

Да не бев закован со работа и станбено овде, одамна ќе се преселев во Гевгелија.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13506 на: 20 Октомври 2016, 11:10:08 am »
Поправено  ;)

Па не баш, затоа што локалните идиоти имаат можност да добиваат пари за најразлични проекти. Друга работа е што воопшто не го прават. Скопските села немаат ни можност да дојдат до израз.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13507 на: 20 Октомври 2016, 11:18:02 am »
Во друг град, ќе ве прашам дали ќе начекате луѓе во кафич кога ќе сакате да се напиете по некое пиво со друштво во вторник, на сред недела. Мене лично ми е глупо да сум единствениот што зафаќа маса во локал, каде келнерите те гледаат попреку зошто им тргнала вечерта во легачење и им сметаш за да продолжат да легачат.

Во Куманово имаш полни кафичи цел ден, секој ден, ако тоа ти е некакво мерило во животот, ама пак си е куртон град.
Зини да ти кажу.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34541
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13508 на: 20 Октомври 2016, 11:23:20 am »
Како ме 500 милиони за километар метро? Не е толку скапо ваљда.

edit: од 600м за 1км во најскапите градови на планетава до 35м за километар.
https://pedestrianobservations.wordpress.com/2013/06/03/comparative-subway-construction-costs-revised/

кај нас сигурно не би надминало 50м за километар со оглед на тоа што градов е oversized село.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13509 на: 20 Октомври 2016, 11:24:02 am »
Мартин, зашто мислиш дека услов  за убав град е увек да се дешава нешто и локалите да се преполни?
Колку години имаш незнам..ако си под 25 тогаш можеби и си во право.

Да не бев закован со работа и станбено овде, одамна ќе се преселев во Гевгелија.

На татко ми (59г) и мајка ми (54г) им е веќе скурчен градов, бидејќи ништо не се случува, а не па на тебе, млад човек со млада сопруга и малечко детенце. Кино нема, претстава има 2 пати годишно (истата, и богу и народу преку к*р дојден репертоарот)... Рутина. Тоа е зборот, рутина. А кога животот ќе ти влезе во рутина, без разлика дали на 23, 33, или 53 години, е многу, многу, многу шит момент.

Ми се радуваат луѓево дома кога ќе дојде време да се прошета до Скопје или до Тетово, ми се полни срцево кога гледам колку ги кочи градов иако се веќе повозрасни. Гледам дека доколку имаат опција да прават нешто, спремни и расположени се да излегуваат.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13510 на: 20 Октомври 2016, 11:42:10 am »
Дојди, поживеј година дена тука, па ќе збориме..кога 1/4 резервар бензин ке го потрошиш у место затоа што или некој неписмен се учукал, или згазиле човек со мотороче кое се пика кај што не му е место или поминува некој политички куртон...или кога ке заборавиш да пратиш S по СМС , па ке те репнат 200 денари за зонско до 9 навечер...400 ако заборавиш 2 пати...кога пајак ке ти крене кола на безвезно место, па ке те репнат 2-3000ки...а прописно кино во Синеплекс кошта од од 500 до 1000 че за двајца....итд..итд..итд.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13511 на: 20 Октомври 2016, 11:57:12 am »
Да не бев закован со работа и станбено овде, одамна ќе се преселев во Гевгелија.
^^
Ова!
И што се однесува до мене не мора баш во Гевгелија, ќе заврши работа било кое помало урбано место по личен избор.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34541
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13512 на: 20 Октомври 2016, 12:11:57 pm »
Не сакам урбано место бе, да и го гледам суратот на оваа проста нација. Планина сакам, дивина и многу оружје. Ништо друго не ми треба.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #13513 на: 20 Октомври 2016, 12:25:50 pm »
Човекот е социјално суштество. Пожелно е да се има сонародници комшии барем на неколку километри, по можност земјоделци и сточари.
А за дивината и за оружјето 100% се согласувам. :)

Навистина предностите што ги нуди Скопје како голем град, сето тоа одамна помалку тежи од сите страња кои тежат на другата страна на кантарот. Загадувањето, сообраќајните гужви, реметот... Тоа е секојдневно. Истото очигледно важи и за Тетово и за другите поглеми урбани центри.

Една или две претстави годишно, исто толку концерти на филхармонија, и едно 10-тина филмови кои вреди да се одгледаат во Синеплекс, поголем избор од продавници, итн - епа кој те спречува истото тоа повремено да го правиш со хх километри патување и воедно да живееш некаде на раат во некое помало урбано место?
Зарем пол саат или саат патување со кола дузина пати годишно е полошо од секојдневно живеење со страњата на големиот град??

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве из
« Одговори #13514 на: 20 Октомври 2016, 12:32:33 pm »
Дојди, поживеј година дена тука, па ќе збориме..кога 1/4 резервар бензин ке го потрошиш у место затоа што или некој неписмен се учукал, или згазиле човек со мотороче кое се пика кај што не му е место или поминува некој политички куртон...или кога ке заборавиш да пратиш S по СМС , па ке те репнат 200 денари за зонско до 9 навечер...400 ако заборавиш 2 пати...кога пајак ке ти крене кола на безвезно место, па ке те репнат 2-3000ки...а прописно кино во Синеплекс кошта од од 500 до 1000 че за двајца....итд..итд..итд.


Живеев 4 години таму, ќе живеам пак во скоро време. Сите проблеми кои ги имаш со колата се решаваат со користење на градски превоз, алтернативен превоз и слично. Единствено ми зафалила кола кога врнело, ама и тогаш се снаоѓам. Пајаци и канџи и заборавање S по SMS има во скоро секој град, меѓу кои и Гостивар, и чинат исто пари како и во Скопје.

Сите населби кои се колку толку блиску до јадрото на градот имаат доста линии за превоз. Тоа што ние како најбогата и најпросперитетна нација во Европа не можеме да се одвикнеме од возење до работа, сами во кола, е сосема друг муабет.

Човекот е социјално суштество. Пожелно е да се има сонародници комшии барем на неколку километри, по можност земјоделци и сточари.
А за дивината и за оружјето 100% се согласувам. :)

Навистина предностите што ги нуди Скопје како голем град, сето тоа одамна помалку тежи од сите страња кои тежат на другата страна на кантарот. Загадувањето, сообраќајните гужви, реметот... Тоа е секојдневно. Истото очигледно важи и за Тетово и за другите поглеми урбани центри.

Една или две претстави годишно, исто толку концерти на филхармонија, и едно 10-тина филмови кои вреди да се одгледаат во Синеплекс, поголем избор од продавници, итн - епа кој те спречува истото тоа повремено да го правиш со хх километри патување и воедно да живееш некаде на раат во некое помало урбано место?
Зарем пол саат или саат патување со кола дузина пати годишно е полошо од секојдневно живеење со страњата на големиот град??


Епа проблем е да ти кажам право, филмовите и претставите се обично во прајм-тајм период од денот, 8-9-10 часот навечер. Тешко е да отепаш филм, претстава, и потоа да патуваш 1 саат назад бидејќи следното утро ќе бидеш отепан на работа.

Друго е кога патот до киното или театарот или трговскиот центар е само 10-15-20 минути, и ќе си речеш „еј досадно ми е, ќе излезам да прошетам само да се измешам со луѓе“. Нели социјално суштество е човекот? Во мал град со кои луѓе ќе се измешаш, кога после 8 часот сите се затворени дома?

Многу скопјани премалку го ценат Скопје. Многу луѓе на кои Скопје им е само попатна станица премалку го ценат Скопје. А кога не цениш нешто, немаш желба да се грижиш за неговата добросостојба.
« Последно менување: 20 Октомври 2016, 12:39:10 pm MartinAlfista »
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀