Добро што не си паднал на глава, иако верувам си носел кацига....
Јас еднаш се глупирав со точакот, правев осмици со пуна брзина на испрекината линија и сум изгубил контрола, паднав прво на колено, на рамо па после со челото у асфалт акнав. Потрес на мозокот, првите 2-3 дена не знаев што ми се случило, а тек накај 10тиот ден се враќав у нормала, и тек тогаш сфатив што глупост сум напраил.... А другарите што беа со мене од памет се извадиле пошто се онесвестив на асфалтот од кога паднав, мислеле сум умрел....
Значи ме однеле у болница со брза помош, сум лежел таму една ноќ и после дома кога се будам целиот како надуван до бола, све ми се чинеше како сон. Како сум паднал не се сеќавам, не се сеќавам ни на тоа што сме правеле пред вожњата. Едино памтам само брзата помош како доаѓаше накај мене, ја видов тек кога сум се вратил при свест. И све тоа ми се чинеше како у сон... И толку. Не се сеќавам ни дека сум лежел во болница. Значи отидов да возам точак со друштво, и се будам у кревет дома...
Си имал среќа у секој случај. Лузните ќе ти стојат едно 5-7 години па после ќе избледнат и нема да се познаваат освен ако не се загледаш.