Не,не,не!!! Ова селскиве таксисти се невозможни.
До кога бе дебили ќе се понашате селски во сообраќај?
Улетувате се пикате у ленти ко последно да ви е. Па преку к*ров веќе.
Нормално има исклучоци ама 99% се дебилчиња тешки.
не само тоа... конкретен пример ќе дадам..
приватна градежна фирма, а сопственикот про сдсмовски настроен.. е сега, таа фирма, е една од по ретките фирми кои уште од почетокот на градежната експанзија прво купуваат плац па градат. и секако гледа да исцеди максимум од тоа. во овој случај, сепак нуди и нешто за парите. издава паркинг простор кој ми е БУКВАЛНО до газот. колите ги паркирам под тераса.. како што реков, не е вмроовец, па овие му изнајдоа некаква законска дупка да му ги отстранат рампите од сите паркинзи кои се лична сопственост а не државна. и нормално копитата дошљачко провинцијалски почнаа да си влегуваат со колите и да узурпираат приватен имот. не помагаат ни таблите на кои пишува ПРИВАТЕН ИМОТ.. не пимагаат ни писмата-пораките оставани на бришачи од возилата.. ништо не помага.. не помогна ни жолчната расправија која ја свика куќниот совет.. не помагаат ни закани ни ништо.. ЕДНОСТАВНО НЕЛИ копитото дошљачко, решило да се паркира на туѓ имот и тоа е тоа.. а тоа што јас сум платил мрсни пари за да се паркирам таму, за него не важи, затоа што, нели, кај него у село така се паркираат, односно онаму кај што ке му дојде, во принцип нај блиску до нужникот од куќата ... морам да зборам вака затоа што во 9 од 10 случаи паркираното возило на некое место кое што некој го платил, секогаш носи некаква таблица од внатрешноста односно скоро никогаш не видов скопска таблица...
и ова трае и трае веќе 4-5 месеци.. уште еден член од форумов е затангиран со истото прашање... и он има платено (среќа за него само едно место) и многу често гледам дека некој друг е паркиран на неговото место...
пајак служба? не... неможеш да се јавиш во пајак служба, бидејки се работи за приватен имот. процедурата е следна:
-се јавуваш во полиција. после тоа они ке испратат патрола па кога ќе (им се смилува на ку*от да) дојдат, ќе мора прво да констатираат ситуација... јас треба да ги чекам за цело време доле на улица-паркинг, за кога ке дојдат, да им го покажам договорт, фактурата и копија од имотен лист, во спротивно може и да попијам кривична за лажно пријавување...
значи јас си чекам доле, па здравје ако за 1-2-3-4 саати некако и дојдат, ке се дообјасниме за уште пола саат одприлика, па после они ке мора да искомуницираат со командантот, дека секако ке мора да се отстрани тоа возило, па тек тогаш они ке се јават во пајак служба, па евентуално ако се доволно брзи за пола саат до саат ке дојде и пајакот, ако воопшто може да влезе од пренатрупаните возила, кои ги редат како дрва во дрворед, па да го тргнат безобразниот провинцијалец за да може конечно јас за околу 4 до 5 саати одкако сум решил да си дојдам дома конечно тоа и да го направам, паркирајки се на своето СО ПАРИ ПЛАТЕНО место...
правна држава? ма не ме јеби бре... оваква ситуација слична имаше брачедот во мичиген.. од кревање телефон до влечната служба неполни 12 минути пројдоа... ни кафето не успеа снаата да го принесе, кога му се јавија да се симне да си ја паркира колата на своето место..
а да... да не заборавам дека УЗУРПАТОРОТ НА ПРИВАТНИОТ ИМОТ тоа ке го кошта 250 евра казна плус 2500 денари транспортот на возилото... еден ден можеби и ке го направам тоа, само несакам да се закрвувам со никого, зашто повеќето како што ги видов се тешки сељачишта, со кои нема баш разбирање, па да не направиме поголема приказна...
едит:
за воља на вистината морам да признаам дека има и цивилизирана раја која доаѓа од внатрешноста... несакам да ме турите на тапет дека сите од внатрешноста ги третирам како исти... има еден куп луѓе кои ете, не биле информирани, незнаеле, со краток разговор се објаснивме, и луѓето си одбраа друга солуција наспроти узурпирањето... има такви кои едноставно (како и јас) не ги перцепира истакнатите табли со текстови, не ни знаеле, не ни прочитале дека е приватен имот, па после оставената порака на бришач во која љубезно се замолени да не се паркираат на туѓ имот, едноставно никогаш више не влегоа на паркингот, туку надвор се паркираат, на јавниот паркинг... значи да.. има приватен и јавен паркинг.. има доволно за сите...
п.с. во меѓувреме некој се дрзна и ја искорна таблата на која пишуваше приватен имот... ја снема и нејзе... ете до каде иде македонштината... апсолутно етнички чисто население... и после тука на истиов форум читам за гадостите што некој се осудил да тури орел, па овие крст ке праеле, па некој некого истепал, па за соодноси колку џамии со колку цркви, па освети, па бесења па незнам што...
НИЕ ДАМИ И ГОСПОДА, НЕМАМЕ ЕЛЕМЕНТАРНО ПОШТОВАЊЕ ПРЕМА ДРУГ ЧОВЕК ДА ГО ТРЕТИРАМЕ МАКАР НА ИСТО РАМНИШТЕ СО НАС а не да обесуваме за правди... појдете од себе....