Затоа се знае во Македонија. 90че на темпомат. Кој сака да лета, нека повели. Некои од најдобрите зен возења ми се точно во милата татковина. Ако има некој побавен, во прва прилика менуваш во трета/четврта, натепуваш до даска, престигаш и после пак 90че.

Најинтересното е што со таа логика, најчесто возам сам, нема никој ни пред мене, ни зад мене. Затоа што сум релативно побрз од бавните камиони/автобуси, а релативно побавен од брзите шофери.

Инаку на тој пат полиција има или на излез од Куманово во тие селата, или пред Свети Николе. Измеѓу е дивина, навечер кога возиш дури и језиво колку е мирно.