Иначе покрај сите нервози во сообраќајот, во Петокот конечно пријатно изненадување.
Одев накај Штип и на наплатната рампа кај Петровец дава иљадарка. Дечкото ми враќа кусур, ама едно туце пари, ги погледнав само дали 100-тките се на број и продолжив...
Доаѓам на наплатна рампа пред Велес и госпоѓата што работеше на рампа ми вика: дечко имаш ли сметка од претходната рампа?
И јас онака без размислување викам имам... Помислив дека ќе ми бара некоја услуга или ќе проверува онака инстантно....
И ми вика, ај провери... Проверувам јас кога гледам стварно немам сметка. И ми вика: колегата од Петровец ми се јави, ми кажа да чекам бело Твинго со налепница од Акцент, не ти ја дал сметката, а веројатно ќе ти треба оти си со службено возило. Рече он е таму до 7, се вика Саво, побарај го ќе ти ја даде сметката.
Баш пријатно ме изненади што сеуште тука-таму се наоѓа по некој пријатен и добродушен човек. Ретко, али се наоѓа.
На враќање од Штип земав еден сок и неколку пластични чашки да го почастам човекот. Појдов, го најдов, ми ја даде сметката, ми се извини 5 пати и ми вика ама зошто си се трошел, само плус трошок си направил, можеше да не застанеш помалку ќе те кошташе. Му викам, не е заради парите, туку заради гестот и поздравот. Се исплати човек да е добар со луѓето.
Така се прави тоа во цивилизираниот свет.