Незнаев каде да пишам, еве тука. Ако не одговара, нека го премести некој од надлежните мислењево.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На улица Железничка, нема повеќе можност за паркирање од левата страна како и до сега, по целата нејзина должина!!!
Денес одам по улица, гледам полиција, небаре рација се прави...Сите коли кои беа паркирани ги фотографираа и на еден огромен список им ги запишуваат регистерските таблички.
Некој од возилата не беа нормално паркирани, него онака на косо, па го прашувам сообраќаецот: Ги казнувате дека не се прописно паркирани? Вика не, него до сега беше паркинг, а од пред некое време не е изгласано во собрание ова да биде повторно паркиралиште, па така да на улицава е забрането паркирање!!!
Викам а што се обележени паркинг местата??? А каде има знак дека е забрането паркирање??? Вика дечко забрането е паркирање. Тоа е.
Значи да не се изложите на ризик и непотребна казна, да си знаете.
Нема знак дека тоа е паркинг, ниту дека не е паркинг, ниту пак има знак за забрането запирање и паркирање. Единствено се уште ги има обележените паркинг места.
Е*емти и држава и закони и све у неа.