Неколку ситуации:
- зелениот бран и божемното дигитално управување со протокот на сообраќај по скопскиве раскрсници расчистивме дека се исчезнати. Наутро (рано, околу 5.30), возам накај работа и од Парк до САем, буквално налетувам на секое црвено - буквално. До мене лагано си вози полициски џип и уште на првата раскрсница пушта ротациони, ја поминува раскрсницата (кај Мавровка) и веднаш после неа ги исклучува ротационите... пошто, семафори на раскрсници се за прост народ, нели?
- Денес, кај Влада, после мостот Гоце Делчев кон Карпош, еден тип со Пунто прво ми улета од десно (без трепкач), а не возев бавно, ниту тој очигледно, па потоа уште еднаш на тој што возеше од мое лево (повторно без трепкач) за да се престрои од крајна десна на крајна лева лента (за на булевар Свети Климент Охридски)... Па добро, бе, да му се сневиди (а вакви камикази има илјадници), не за џабе измислиле трепкачи, не можам јас да си претпоставувам шо ќе напраиш следно.
- Пешаците пред клучката Детелинка кај Бит пазар и околу пешачкиот мост пред Битпазар ги спомнувам само колку да го оправдам она „неколку ситуации“... да не останам на две
