ако се влечеш во левата лента многу повеке од јасно е дека ке се префрлам во десната лента и ке те поминам... на булевар, улица или што и да е освен автопат правилото сообраќајно вели вака:
побрзото движење на едната лента (било кој) во однос на другата не се нарекува престигнување. затоа, никој никого не престигнува во десната лента... ако ти смета тоа штоо така те поминуваат, тогаш вози си ти во десната лента и остај им слободен простор на лугето да се движет побрзо во левата лента т.е. (според тебе) да те престигнуваат
Не ги проверуваш фактите кои ги користиш за да дадеш некакво тврдење и автоматски тврдењето не е точно. Зашто?
Не ни праша со која брзина се движам низ град, па за да тоа индицира дека се влечам. Напротив, возам 60-70 км/ч низ густонаселени области. Булеварот накај Автокоманда, поред Алкалоид према Маџари не го сметам за таков, и кога има услови возам и повеќе, свесен дека не е по прописи на пр.
Нормално дека ако возам ко баба ќе возам во десната лента, но така не возам, а најчесто истата е зафатена со застанати возила.
На крај на краиштата, и членот Vasil пиша негово искуство со претекнување од десна лента,а и сите знаеме дека не е по пропис и логика (зашто мртов агол се гледа само на возачкиот-лев ретровизор?!).
И некој да вози така, не е оправдано, било да си ти, јас, Јанко, Петко или Станко. Недај Боже еден ден тоа може да има сериозни последици.