Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2532243 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8460 на: 06 Февруари 2014, 09:48:44 am »
Филип, ај вози ти 26-41км/ч во град. Зошто возиш 80, а продаваш вафли?

Ако имам потреба да возам толку (на пример натоварен автобус или камион) - ќе возам.

80 низ град возам многу ретко. Евентуално ноќе кога нема живо пиле. 2-3 пати годишно.

Но - повторно - како јас возам нема везе со муабетиве. Јас пушам, ама не викам дека е добро и нормално да се пуши, ниту ги сметам за будали тие што не пушат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8461 на: 06 Февруари 2014, 09:49:09 am »
Сабајлево за малку ќе се случеше лош директ судар кај мене во Ченто.

Права улица, двосмерна, испрекината линија со простор за претекнување..арно ама пред мене приватен автобус 23 ка кој се движи со 23 км/х...а   ама ич бре не му чуе..свират луѓе..око не му трепнува..

Се направи голема редица позади мене, јас прв на редицата,  а нормално сабајле, сите брзаат за на работа, плус зелен семафор се упали на крајот од улицата кој секој ќе го стигне ако вози 60 кмх.

Земав да го претекнувам автобусот и одма позади мене се залепи една Корса исто да го претекнува...
Од другата страна идеше кола која прикочи за да поминам јас али очигледно не го виде овој позади мене со Корсата...за влакно не се слупаа директива еден во друг.

Нормално, поради изгубеното време потоа морав наместо 60кмх да возам 90кмх низ Автокоманда за да надокнадам, повторно загрозувајќи се себи и другите во сообраќајот, бидејќи Југото има кочници како на ќерка ми точачето.

Ништо од ова немаше да се случи ако звтобусот се движеше побрзо...барем во граница на дозволените 60кмх.

Класичен пример дека спора вожња може да предизвика опасност, а во конкретниот случај можеби и жртви ако тој со Корсата позади мене не успееше да се престрои...а се заради непромислен копук во приватен автобус.
Прост, едноставен и секојдневен пример.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8462 на: 06 Февруари 2014, 09:52:39 am »
Филип, секој ден го гледам истото скоро, се приклучува приватна деветка во Скопје Север, вози со 20 некаде. Празна е комплетно и ползи скоро цел километар. Не можеш да ја претицаш, полна линија и редовен сообраќај од карши. Дојди и вози 20 зад неа. Камионџиите се обратна категорија, лета со гас до даска, празен полн не му менува.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8463 на: 06 Февруари 2014, 09:54:36 am »
Хах..друже, ако автобусот возеше уште 5% поспоро, мене колата ќе ми угаснеше.

Немаше да ти угаси.

И да, брзав..нормално..најкасно до 9 треба на работа да стигнам. Брзаше цела редица позади него.

Што не тргна 5 минути порано? 5 минути и тоа како ќе ти покријат неколку стотици метри тркалање позади спориот автобус. Прв пат возиш по тој пат? Не знаеше однапред дека може да има гужви и дека можеби нема да можеш да возиш со максималната дозволена брзина?

И нормално дека провоцира несреќа со неговото понашање..

Мхм. А ти со 90 низ град и лоши кочници? Безбедноста на возачот на спориот автобус е светлосни години пред твојата.

Кој е тука непромислениот

Со возење 90 низ град со лоши кочници? Ти.

а вељда знае дека во 8:30 не одат луѓето на пикник..

А ваљда тие што не одат на пикник знаат каде одат и дека во 8:30 можат да сретнат бавни возила и дека можеби треба да - гулп - тргнат 5 минути порано?

Што уопште се објаснувам јас..дај утре сабајле да се нацртам пред тебе со 13кмх кога ќе идеш накај работа...

Ако имаш потреба да возиш толку - нема проблем. Јас насабајле си оставам дебела (10-15) минути фора за да можам релакс да стигнам на работа без да морам да бркам зелени бранови со 90 на саат и да претицам спори возила кај шо треба и кај шо не треба.

Пробај и ти! Функционира!

Филип, секој ден го гледам истото скоро, се приклучува приватна деветка во Скопје Север, вози со 20 некаде. Празна е комплетно и ползи. Дојди и вози 20 зад неа. Камионџиите се обратна категорија, лета со гас до даска, празен полн не му менува.

Тоа што некој вози како кретен не значи дека и ти треба да возиш ко кретен за да компензираш. Наместо со опасно возење - ќе компензираш со 5 мин тргање порано.

Или премногу е тоа? Преголемо, невозможно барање?

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8464 на: 06 Февруари 2014, 09:56:57 am »
Воопшто немам намера да компензирам, само изразувам мислење што ме вади редовно од такт. Среќа што имам доволно време па пак стигам навреме.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8465 на: 06 Февруари 2014, 09:57:22 am »
Воопшто немам намера да компензирам, само изразувам мислење што ме вади редовно од такт. Среќа што имам доволно време па пак стигам навреме.

Разбирам. Во право си.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8466 на: 06 Февруари 2014, 10:00:16 am »
Зошто има потреба да се зборува едно, а во реалноста да се прави друго?

Не дека во спална ги возиме колите, во јавност ги возиме. Цел град гледа како возиш. Чудна жена беше Вера.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8467 на: 06 Февруари 2014, 10:05:54 am »
пошто сите изгледа подобро од мене самиот знаете како јас возам, следниот кој ќе ме види како возам 80 низ град добива ручек и 1000 денари во кеш: тоа е најмалку што можам да платам за увид во сопствените особини. Да ги разбијам заблудите кои ги имам во врска со самиот себе. Џабе.

http://en.wikipedia.org/wiki/Whataboutism
http://en.wikipedia.org/wiki/Tu_quoque
http://en.wikipedia.org/wiki/Ad_hominem

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8468 на: 06 Февруари 2014, 10:10:01 am »
Филип..анкета на форумов.

Дали повеќето членови го делат моето или твоето мислење?

Биди ти статистички и етички колку сакаш во право, продавај убертолеранција и тргај и пола саат порано од дома и релаксирано влечкај се позади приватњаци...ако таквите како тебе во општествово се 2% а останатите сме 98 %, треба да ли да се превземе нешто?

Ако мнозинството возачи во сообраќајот размилуваат како мене, односно постапуваат како мене, во тој случај правилата за "правилно" однесување во сообраќајот треба да се  адаптираат спрема мојот начин на однесување и размислување, бидејќи во било која околина ако наметнеш правила со кои не се согласува мнозинството, тие правила  се однапред осудени на пропаст , а најчесто ( во конкретниов случај дефинитивно) предизвикуваат инекоја споредна опасност.

Тоа ти е исто како у Ватикан да донесеш закон луѓето задолжително да се молат у џамија.

Во конректниот случај, сметам дека приватњаците и други возлила кои се движат со брзина слична на нивната треба подеднакво да папаат казни заради спора вожња, задржување и загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Значи?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8469 на: 06 Февруари 2014, 10:11:40 am »
The 85th Percentile Rule in Traffic Engineering.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8470 на: 06 Февруари 2014, 10:13:45 am »
Дали повеќето членови го делат моето или твоето мислење?

Mнозинството не е секогаш во право. Историски примери имаш ка-та-љон.

Ова што го нудиш стручно се вика:
http://en.wikipedia.org/wiki/Argumentum_ad_populum
"...fallacious argument that concludes a proposition to be true because many or most people believe it. In other words, the basic idea of the argument is: "If many believe so, it is so."

Баш затоа што добро знам (и без анкета) дека повеќето членови не го делат моето мислење - тому затоа волку напињам.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8471 на: 06 Февруари 2014, 10:15:12 am »
Историски примери од последици кога свесно е игнорирано мислењето на мнозинството имаш катањон.
Се викаат револуции.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8472 на: 06 Февруари 2014, 10:17:11 am »
Точно. Тоа само ни кажува дека НЕКОГАШ мнозинството е во право, но дека НЕКОГАШ не е. Може и да биде и да не биде. Еднаш вака еднаш онака.

Затоа, аргументот на мнозинството е невалиден - пошто не гарантира ништо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8473 на: 06 Февруари 2014, 10:18:26 am »
Гарантира дека мнозинството така ќе вози како што вози.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8474 на: 06 Февруари 2014, 10:19:20 am »
Гарнтира дека ако го почитуваш, секако ќе има помалку жртви.
А од човечкиот живот, повредно нешто нели..нема.