Возам по партизанска, накај 20 за 9. Кај Симпо негде се престројувам у средна лента негде пошто позади мене имаше оптима една па некако очекував дека сака да ме помине, ама не, бевме негде скоро кола до кола у лентите ја у средна он у лева. Возев прилично ок, 80 км/х минимум. Кога наеднаш глеам позади мене рено меган црно од постариот модел ми бленда со кинескиот ксенон ама прилично далеку, глеам на ретровизор неможе да ме помине од лево поради оптимата, од десно автобус. Типот сигурно возеше над 150 ако не и јаче. Се тргнав се залепив до автобусот ретардираното говедо помина меѓу мене и оптимата на 2 милиметра, не помина како да сме паркирани, а возевми и двајцата над 80. Застанавме на семафор, типот од оптимата ми се врти и ми покаѓува нанапред и сигнализара као што беше ова јебото, здрави ли се. Продужуваме даље, си тераме пак оптимата ми доаѓа позади мене у средна лента и одеднаш и од лево и од десно по 2-3 коли не претицуваат, се некои прилично постари коли. Инаку имаше прилично коли, не беше празна улицата за такво летање. И ја возам побрзо од 60 нормално, ама 150? у гужви? Каде леташ на мајка ти? каде побогу?