Уф, неколку дена не отворив форум и отиде тредов во недоглед.
Значи.... значи.... јас не зборував за тоа дека возилата со придружба немаат предност, туку токму таа формлација дека нивната моментна проценка е одлучувачка им дава комотност на некои од придружбата да се однесуваат каубојски само за да покажат сила.
Никој не е луд да се трка или да им се сили на возила под придружба, ниту на возилата од придружбата.
Но....!!!
Но, не значи дека тој зад воланот со значка од едикојаси Управа има право да си игра видео игра со мене, ако јас возам по своја лента, на магистрален пат.
Затоа и го спомнав случајот со Балтовски (ги познавам децата).
Формулацијата беше дека „чистачот“ навлегол 1 мтар во другата лента. Сведоштвата на луѓето кои се разминале со вакви колони се дека практично двете ленти биле „исчистени“.
Ок, да е поширок пат и ќе разбереш, ама на Плетвар има места каде бираш меѓу провалија и судир со „чистач“.
Не би сакал да додјам во ситуација да бирам.
Поздрав.