Леле леле!
По Илинденска прееска спроведуваа ХУЛИГАНИ со Полиција. Сакала простата маса да гледа утакмица па ајде да го блокираме цел град и да ги спроведеме со полициска пратња до саканото место. Дали беа ракометашки хулигани, дали фудбалски или кошаркарски не знам а и не ме интересира, ама јас другачие би постапил. Би ставил само џандари со пиштол (кој нема да користи за украс) на секои 10 метри и штом некое хулиганче мавне у нешто или па блокира сообраќај да го пука у нога.
Една од причините што го мрзам фудбалот и сличните спортови е и оваа проста маса.
Па добро бе, на тркиве доаѓале и Косовари и Грци па сме им се дивеле и сме ги величале, никој никогаш не фатил да се тепа со нив.
Да дојдат фудбал да играат Косово или Грција? Хаха... па има да увезат џандари од Азербејџан да се справат со простата маса на која преокупација и е да направи беља, да искрши нешто, да се степа .. наместо да гледа утакмица.
Ужас, како сум се изнервирал...