Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3276363 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7200 на: 12 Декември 2013, 01:21:13 am »
Јас не спомнав ниту базуки ниту лајтсејберс.

Али еве да ви покажам како ќе заврши работата ако се заебаате:

СУДСКИ ЕПИЛОГ НА ДИПЛОМАТСКАТА СООБРАЌАЈКА ВО КОЈА ЗАГИНА СЕМЕЈСТВОТО БАЛТОВСКИ

Инспекторот- возач на полицискиот чистач ослободен од обвинението

Судскиот совет со кој претседаваше Тодорка Шишковска, донесе пресуда со која Слободан Гиговски инспектор во МВР се ослободува од обвинението оти не биле најдени докази за негова вина

Во Основниот суд во Битола, по тригодишен процес беше завршено судењето за со дипломатската сообраќајка во која настрада брачната двојка Душко и Вера Балтовски од Битола. Судскиот совет со кој претседаваше Тодорка Шишковска, донесе пресуда со која Слободан Гиговски инспектор во МВР се ослободува од обвинението. Тој беше обвинет за тешката сообраќајна несреќа на 7 јули 1998 година, на магистралниот пат Прилеп - Битола. Поради пропусти во обезбедувањето на дипломатската делегација на Македонија и Турција, кај селото Беранци на патот Прилеп - Битола загинаа две лица, а четири беа повредени. Возилото, полициски чистач, управувано од Слободан Гиговски навлегло еден метар на спротивната лента при што со ретровизорот било закачено возилото што доаѓало од спротивната страна "шкода фелиција" управувано од Душко Балтовски од Битола. Притоа возачот ја загубил контролата и шкодата удрила во едно од возилата на дипломатската колона а потоа се превртила. На местото на несреќата загинаа возачот Душко Балтовски и неговата сопруга Вера, родители на две деца. Судот ги презел сите потребни постапки за истражување и добивање стручни наоди во врска со целокупниот случај со дипломатската сообраќајка и констатирал дека нема докази за вина на Слободан Гиговски.
Застапниците на семејството на загинатите Балтовски, од битолското село Бистрица, незадоволни од ваквата пресуда најавија жалба. Тие и во оваа прилика изразуваа благодарност за сочувството и грижата искажани од тогашниот турски премиер, Месуд Јилмаз и од Редакцијата на весникот Милиет од Истанбул кои обезбедија бесплатно студирање за синот на загинатата брачна двојка Александар на еден од факултетите во Турција, каде што се наоѓа сега.
Д. Јанковска

.........................

 Oслободителна пресуда за Слободан Гиговски

Основниот суд во Битола трет пат донесе ослободителна пресуда за Слободан Гиговски, возач на владин автомобил, што учествуваше во дипломатската сообраќајна несреќа пред 7 години, во која загинаа битолчаните Душко и Вера Балтовски.

Во инцицидентот што се случи за време на патувањето на делегациите на тогашните премиери на Турција и на Македонија, Месуд Јилмаз и Бранко Црвенковски, беа повредени и тројца членови на турската длегација.

Па сега бидете вие умни и смејте се за базуки мазуки рпг-а... толку од мене. Јас од тогаш имам голем респект спрема „чистачи“ од пратња. Боље ја да се учукам отколку они да ме учукаат.
Јас тука не читам намерно буткање од патот затоа што не им се тргаш. Јас читам несреќа. Да го оставиме на страна фактот што државата ни е таква каква што е па човек кој убива друг човек на Партизанска со мотор останува на слобода. Вие зборевте за намерно буткање од патот затоа што не се тргам. Он не СМЕЕ тоа да го направи НАМЕРНО. Не знам како да ви објаснам. Он не СМЕЕ НАМЕРНО да те убие. Они смеат да проаѓаат на црвено, смеат да претекнуваат на полни ленти, на нивна одговорност но НАМЕРНО не СМЕЕ да те убие АКО не преставуваш директна закана по премиерот. Дали ќе го осудат или не е веќе сосема друга работа. И нормално МОРА да се има почит кон тие возила затоа што и кога се полага си пишува таму дека ти се најважните.
И пак ќе кажам дека јас зборувам за ситуации каде што едноставно немам каде да застанам освен да се фрлам во провалија. За сите други ситуации има да се тргнам па макар и да ја буткам колата пешки.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7201 на: 12 Декември 2013, 01:22:37 am »
Еее, тоа е Бојан. Не читаш „намерно“, затоа што прееска кажав, во весници, они ќе се погрижат што ќе пишува, дур тебе ти пее поп.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7202 на: 12 Декември 2013, 01:23:07 am »
Аааа имало еден случај што не е рекла казала. Браво. Штета што е изоставен шлеперот.
прекини бе да бидеш инат еј...
Ќе бидам што сакам и колку сакам.

Еее, тоа е Бојан. Не читаш „намерно“, затоа што прееска кажав, во весници, они ќе се погрижат што ќе пишува, дур тебе ти пее поп.
Во истата несреќа ако учесникот е камион, на друг му пее поп - и се така. Битно попот пуни џебови. Фала за статијата Симо, тоа барав.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7203 на: 12 Декември 2013, 01:23:15 am »
Е ај прајте си муабет и не му се тргајте на чистачите оти во краен случај чистачот ќе "лежи в затвор"

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7204 на: 12 Декември 2013, 01:23:29 am »
Ima negde zakon ili pravilnik za toa cistac vozilo !
veli:  Возилото, полициски чистач, управувано од Слободан Гиговски навлегло еден метар на спротивната лента при што со ретровизорот било закачено возилото што доаѓало од спротивната страна ...

Na krivina e neizbezna soobrakajka...!!
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7205 на: 12 Декември 2013, 01:23:53 am »
Незнам што толку лично ми се наврте Онак да ме кења мене наместо да дискутира на темава. Дени па Дени.

па водиш инат како магаре.. ти против сите... за разлика од желбата за докажување, сепак понекогаш треба да послушаш совет И ИСКУСТВО од постари...

а нај конкретно зашто си се фатил со тоа што пишува во законот... на своја кожа сум осетил како тоа што пишува во законот на хартиите иде во твоја корист а на суд се извртува против тебе до толку да на крајот добив казна невидена, а не бев ни крив ни должен туку веке бев заебан и изигран и на крај истиот тој закон ме доеба до крај, до таа точка што ми го смени правецот во животот, со трајни последици...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7206 на: 12 Декември 2013, 01:24:46 am »
Еее, тоа е Бојан. Не читаш „намерно“, затоа што прееска кажав, во весници, они ќе се погрижат што ќе пишува, дур тебе ти пее поп.
Во право си де, ама тоа е друг момент. Сакам да ги одделиме работите една од друга иако се практично недделиви. Он не смее да те убие ако не преставуваш закана, ама ако го направи тоа во 99% од случаите ќе се извлече како ништо да не било и или ќе си живее уште или ќе се самоубие поради човечки живот на душа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7207 на: 12 Декември 2013, 01:25:11 am »
Ima negde zakon ili pravilnik za toa cistac vozilo !
veli:  Возилото, полициски чистач, управувано од Слободан Гиговски навлегло еден метар на спротивната лента при што со ретровизорот било закачено возилото што доаѓало од спротивната страна ...

Na krivina e neizbezna soobrakajka...!!

Има закон, законот си вика „ТРГНИ ИМ СЕ ОД ПРЕД ОЧИ“.

Во право си де, ама тоа е друг момент. Сакам да ги одделиме работите една од друга иако се практично недделиви. Он не смее да те убие ако не преставуваш закана, ама ако го направи тоа во 99% од случаите ќе се извлече како ништо да не било и или ќе си живее уште или ќе се самоубие поради човечки живот на душа.

Едноставно е, он е трениран да биде глуп. Негова задача е она што ќе му каже претпоставениот. Знае дека дури и да одзееме живот дур е на должност, ќе биде заштитен. За него е дел од работата да одземе живот, ако смета дека е тоа потребно. Нема да се самоубие, затоа што само извршувал наредба.

Тебе не те фатил воен рок изглеа .... ;)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7208 на: 12 Декември 2013, 01:26:04 am »
epa ete toa bilo dokaz, ubavo pisa deka sakat dogaz  hehe

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7209 на: 12 Декември 2013, 01:26:46 am »
другар ја потенцирав претходно дека на отворен пат кога ти доаѓаат од спротива баш возат во твоја лента т.е пола лента и како што е нагласено во извештајот едно метро во спротивна лента за да имаш ти место десната страна да ти е на земјата а со левите тркала да си на коловоз НЕ ДА СЕ ФРЛИШ ДИРЕКТНО ВО НИВА! е сега прашањето е колку си способен да се снајдеш значинајбрзо што можеш максимално намалуваш брзина кога ке ти излезат во видно поле и бегаш максимално на десно и крај никому ништо, а човеков претпоставувам не избегал или евентуално апла не реагирал на нив и го закачиле по што изгубил контрола

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7210 на: 12 Декември 2013, 01:27:19 am »
Ima negde zakon ili pravilnik za toa cistac vozilo !
veli:  Возилото, полициски чистач, управувано од Слободан Гиговски навлегло еден метар на спротивната лента при што со ретровизорот било закачено возилото што доаѓало од спротивната страна ...

Na krivina e neizbezna soobrakajka...!!

Има закон, законот си вика „ТРГНИ ИМ СЕ ОД ПРЕД ОЧИ“.
Како ќе се тргнеш ако одиш во спротивна насока и не ги ни видиш? (Иако целиот муабет беше за во иста насока, ама сега сменивме)

другар ја потенцирав претходно дека на отворен пат кога ти доаѓаат од спротива баш возат во твоја лента т.е пола лента и како што е нагласено во извештајот едно метро во спротивна лента за да имаш ти место десната страна да ти е на земјата а со левите тркала да си на коловоз НЕ ДА СЕ ФРЛИШ ДИРЕКТНО ВО НИВА! е сега прашањето е колку си способен да се снајдеш значинајбрзо што можеш максимално намалуваш брзина кога ке ти излезат во видно поле и бегаш максимално на десно и крај никому ништо, а човеков претпоставувам не избегал или евентуално апла не реагирал на нив и го закачиле по што изгубил контрола
За од спротива е јасно, но зборуваме за од иста страна.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7211 на: 12 Декември 2013, 01:30:21 am »
ако не приметиш сто ротации на ретровизор тогаш паркирај колата и оди на очно

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7212 на: 12 Декември 2013, 01:30:43 am »
ke vozis pobrzo ke si zaminis tie 200, ti 250 ke vozis i cao :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7213 на: 12 Декември 2013, 01:31:28 am »
ili deni zemi si hamer i butkaj im se :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7214 на: 12 Декември 2013, 01:32:33 am »
ne vredi da si go zaebes zivotot za inat, toa kako vozat, kako treba, druga rabota..