Ама дискусија се развила.
Чистач ко чистач, треба да обезбеди безбедно поминување на делегацијата.
Само многу често се случува да си зимаат за право и да глумат лудило, оние кој се без памет а не главните кој се инволвирани во обезбедувањето на делегацијата.
Пример случката кај Битола, првиот акнал во Фелицијата, и што направил, со тоа уште повеќе ја загрозил безбедноста на делегацијата, бидејќи возилото изгубило контрола и акнало во делегацијата.
Во мојот случај, ми исече пат обичен џандар кој немаше никаква поврзаност со делегацијата, го мрзеше да чека на семафор, уклучи ротација и помина, јас одев од правец Влада према водњанска, а тој од Буњаковец према центар (по Партизанска), застанав пред бивша Аркадија на тротоар и со четири жмигавци, и делегацијата културно си помина, само последниот џандар во Јети што вози 200 метри позади 10-те други коли од делегацијата, отиде во мене да глуми строгост или што, делегацијата веќе беше пред Нова Македонија а овој кој му беше филмот кој знае, моментот е дека е морон, и дека од таквите како него се случуваат глупости. Или можда слушнал негде дека може да се глупира ако е чистач. Или он е најпаметен, 10 други коли и 10 џандари на улица што беа на 10 метри од мене не видоа опасност во мене, тој најпаметен виде опасност за да помине на метро од мене и од еден куп други луѓе кој стоеја и чекаа да поминат на пешачки.
Секоја чест на професионалците, ама преку таквото од оние морони заради кој во ист кош ги ставаме сите.