Џандар што ми исече пат на раскрсница, и помина на црвено, од патики ме извади. Мораше да се укопам во место за да не го здрвам а притоа малиот спиеше во седиштето позади, среќа прописно врзан, инаку ќе летнеше во предна шофершајбна. Исплашен бидеќи главчето опуштено од спиење цело му отиде напред, почна да плаче да вришти како никогаш до сега, помислив дека е повреден нешто и одма застанав да проверам, застанав на тротоар (да непрописно). И во тој момент поминуваа чистачине што чистат да помине еден државен манга (да не го именувам дотичниот функционер) кај вози преку 100-ка, јас и жена ми се трудиме да го смириме малиот, а џандаронј во нас оди, на метро од нас помина.
100 души нека испотепа за да може да помине, демек фаца е, а незнам кој па него ќе сака да му направи нешто.Толку небитен а ама ...
Абе во Пакистан да сме, нема да е вака.
Вчера ми беше оној момент, кога ти доаѓаат солзи на очите и грутка некоја внатре од мука дека еден куп неписмени и ропаци се таму каде не им е местото, и кога ти доаѓа желба да си собереш парталите и никад ни на карта да не погледнам каде сум живеел претходно.
Мамицата ропачка, ама ако се врти тркалото ....