Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3277728 пати)

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6795 на: 01 Ноември 2013, 09:06:39 am »
Biciklistite ako se dvizat na ista lenta na ist pat so mene, bez razlika na nivnata brzina na dvizenje treba da nosat kacigi... mojata brzina na koja moze sekoj moment da naletaat e dovolno opasna za niv...!?
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6796 на: 01 Ноември 2013, 09:16:46 am »
Ако возат во иста лента со тебе тоа треба да го прават по споредни улици или пак по булевари кај што нема слободна велосипедска патека и тоа во најдесната лента каде што не се вози брзо.
Ако возиш 40-50 на истиот пат каде што велосипедисти возат 20-30 нема многу голема опасност.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6797 на: 01 Ноември 2013, 09:33:45 am »
Од сега па понатаму секогаш кога ќе видам вакво нешто, а имам време, ќе се јавувам во полиција. Знам дека се кретени неспособни, ама ако почнеме активно да им се јавуваме односно потсетуваме дека треба да си ја вршат работата можда ќе тргне на подобро.

Ако не, ќе мора да почнеме вака:


Народов тука е научен се да трпи и за ништо да не пријавува во полиција. Дефинитивно треба промена на свеста, но како до тоа без лоботомија и пресадување нов мозок на 90% од популацијата... е тоа не знам.

Кога ќе спомне некој ваква работа како од твојов пост, 9 од 10 реакции ќе бидат прво чудење после исмевање... Во меѓувреме мрмотите си ја виткаат чоколадата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6798 на: 01 Ноември 2013, 10:09:20 am »
Да зееме еден ден сите во исто време да пријавиме во полиција некоја ваква работа. Да видиме што ќе се случи.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6799 на: 01 Ноември 2013, 10:12:09 am »
Ќе ве обележат како опозиционери спонзорирани од сорос и ќе ви пратат специјалци

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6800 на: 01 Ноември 2013, 10:29:21 am »
Teoretski ubavo kazano, no nema takva podelba deka vo najdesnata lenta se vozi posporo od 50 /cas no i deka sekoj biciklist vozi 30 km/h se somnevam. Da ne nabrojuvam na koi se ulici v  gradot soobrakajot ne se dvizi pod 60km/h .
Vo Skopskiot soobrakaj da se muvas megu avtobusi koli i kamioni bez kacika i bilo kakva zastita ne e dobro za zdravjeto... ;)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6801 на: 01 Ноември 2013, 10:40:15 am »
20-30 реков. Ако вози побавно нека се тргне од булевар и нека си вози по споредни улички.

Најлесен начин да ги тргнете велосипедистите од улиците е да се донесе закон за задолжително носење кацига. Само 5% од велосипедистите би останале. Тоа е како сега да ги забраниме сите автомобили со помалку од 6 воздушни перничиња. За нивно добро се разбира

Заборавив да додадам, таму каде што се возат велосипеди не треба да се вози над 60 и обратно, таму каде што се вози над 60 не треба да се возат велосипеди. Ако ги следите и почитувате знаците скоро никаде нема да возите над 60.
« Последно менување: 01 Ноември 2013, 11:02:27 am V »

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6802 на: 01 Ноември 2013, 22:11:52 pm »
V таквиот закон веќе е донесен и е на сила месец дена и нешто ситно.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6803 на: 01 Ноември 2013, 22:14:07 pm »
За носење кацига за велосипедисти?

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6804 на: 01 Ноември 2013, 22:20:58 pm »
Точно за тоа.

Иначе и јас самиот си гледам дека поставувам двојни стандарди во врска со автомобили-велосипеди. Отворено кажувам дека возам по коловоз меѓутоа никогаш поспоро од 30км/ч секогаш правилно обележан и 90% од времето сум со кацига.
Од друга страна некои дебилни појави кои товариле на точакот цевка од 4 метри и вреќа пиперки на точак и се тетерават по улица ги осудувам. Дури еднаш изреагирав во таква ситуација кога бев со точак.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6805 на: 01 Ноември 2013, 22:23:48 pm »
Мене точкои на коловоз не ми пречат. Ми пречат дедовци кои се на точкои по коловоз и земљорадници со точкои на коловоз и мотичето врзано на гидан и седиште. Тие премалку обраќаат внимание на сообраќајот околу нив и се потенцијална опасност за самите себе движејќи се со точкоите по коловоз.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6806 на: 01 Ноември 2013, 22:27:31 pm »
Го најдов предлог законот

http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/Predlog%20na%20zakon%20za%20izmenuvaje%20i%20dopolnuvanje%20na%20ZBSP.pdf

Цитат
Член 33

Членот 98 се менува и гласи:

„(1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем за време на возењето на патот.“

(2) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе им се изрече на лицата кои се превезуваат, а постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член “.

Цитат
-на 25 километри/час -за трактори што влечат приклучно возило со кое се превезуваат лица, за велосипеди, велосипеди со помошен мотор и мопеди кога се движат по велосипедска патека и

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6807 на: 01 Ноември 2013, 22:36:07 pm »
Цитат
-на 25 километри/час -за трактори што влечат приклучно возило со кое се превезуваат лица, за велосипеди, велосипеди со помошен мотор и мопеди кога се движат по велосипедска патека и

Во неделата кога ме застанаа за брзо возење баш ги прашав полицајците за ова. И двајцата се погледнаа чудно и рекоа: "Како ќе го измериме точакот колку вози?".

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6808 на: 01 Ноември 2013, 22:37:56 pm »
Според законов треба да се отстранат сите велосипедисти што моментално возат. Тие малку што се што носат шлем, обично возат над 25км/ч.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5393
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #6809 на: 02 Ноември 2013, 01:29:07 am »
Цитат
Членот 98 се менува и гласи:

„(1) Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем за време на возењето на патот.“
Ова со кацигите ќе да се однесува само на велосипеди со мотор.