...ако земам веспа и идам ја возам на кеј по асвалтираната улица обележана за велосипеди, ПОВЕЌЕ ОД СИГУРНО Е дека ке ми влепат казна за тоа... а велосипедист на сред улица, во среднаа лента на сред булевар може да гушље со 25 на саат и нема полицаец да го казни, иако не смее таму да биде, т.е. ЗАБРАНЕТО му е исто како на мене да возам по велосипедска патека...
Ова се дешава секојдневно и не само што не се казнуваат веспи и мотори туку и никогаш не сум ни видел џандар на кеј. Џандари не почнаа да патролираат ниту по неколкуте разбојништва, напади од кучиња, и силување на медицинска сестра во 7 попладне во делот кај Александар Палас.
Пешаци има на велосипедската патека колку што ги има и горе на пешачката патека, за воља на вистината велосипеди има и горе на пешачката патека.
Пешачката патека на насипот е и место каде Цигани често поминуваат со скапани Томоси кои чадат како локомотиви, со приколки широки колку кола и полни со секакво ѓубре. Ни нив никој не ги запира.
Дури и џип имам видено како поминува таму.
Што е поентата на ова што го пишувам?
Само фактот дека ова е бре банана држава, ништо не е како што треба, полицијата забушава во поголемиот дел од обврските што ги има (освен можеби кога исполнуваат месечна квота) и единствените кои се жалат на ревноста на полицијата се „среќниците„ кои ја имале таа среќа да бидат приматели на полициската еден-од-100-прекршоци премија. Не дај боже да дојдете до тоа полиција да ви бара нешто украдено, или да фаќа прекршител што ви сторил нешто, првата минута ќе ви биде јасно дека не се ни трудат да ја одиграат глумата дека ќе се обидат да си ја сработат работата.
Така ни сообраќајот на улиците не е среден, на раскрсниците има видео опрема од „милион долари„ но таа опрема служела „само за регулирање на гужвите„. Во меѓувреме идиоти (и возачи и велосипедисти и пешаци) секојдневно прават опасни прекршоци затоа што им се може.