Возам вечерва паралелно со Илинденска, по уличката кај Скопска бискупија.
Таму има знак дека оние од спротивна насока имаат предност.
Стигнувам до крајот, пред фонтана, кај Занзибар и од кај Илинденска влетува еден „мајстор“.
Јас знам дека има предност, ама има возила паркирани од двете страни на улицата и немам баш простор за маневри, а зад мене Спарк. Јас застанат токму пред знакот дека се вкрстувам со пат со првенство на минување (превртен триаголник).
Се обидувам да направам место за овој со предност, ама нема, толку е.
Типов излегува од кола, во цајканска униформа и ми вика:„улицава е еднонасочна, не смееш во овој правец, враќај се назад“.
Џабе се обидувам да му објаснам дека не е, дека ги знам знаците што се поставени 50 метри подолу, како и тој пред кој стојам, заради што и не може да е еднонасочна, дека знам дека тој има предност, иако нему му е полесно да се врати 2,5 метри наназад за да не се блокираме сите.
Џабе.... Цајкан. Во униформа, во цивилна кола.
Среќа овој во Спаркот виде изгледа дека нема објаснувачка и се врати малку назад за да се вратам и јас и да направам место да помине.