Ама не ми е јасно зошто кога се прави улицата не се пуштат под неа цевки на пример Ф200-300 и за секоја наредна интервенција по нив да се пуштаат кабли и црева. Зошто мора за едно кабленце да се копа булевар и веќе никогаш да не го направат како што треба- бидејќи незнаат.
Затоа што за секое копање си има тендерче и за секое копање си има „преасфалтирање“, а тоа се плаќа од државни пари (читај мои, твои). Колку повеќекратно се плаќа, толку повеќекратно се делат проценти по џебчиња.
Муабетов го имам пишано на форумов, ама еве пак, Словенија:
Кога се реконструира или кога се гради улица во Словенија се пушта соопштение до сите институции кои би биле засегнати (пр. ЕВН ако треба да се спроведува струја, Топлификација ако треба парно, Телеком ако треба телефон, оптика итн.). И сите тие си прават проект и влагаат во обновата или градењето на улицата. Си поставува секој што има да постави и не смее да праша наредни 20години дали смее да мења кабел или цевка. Доколку не го направи тоа кога се обновува/гради улицата, за секоја накнадна интервенција трошокот си го сноси компанијата која направила превид. Значи пр. Телеком ставил сега телефонски кабел и по 5 години вика, абе ние требаше оптика да ставиме пошто тоа сега ни бараат, општината им вели, бујрум, сменете го и целата реконструкција на улицата паѓа на ваш трошок. На целата улица, не само каде што ископале за кабелот.