стварно пизда му матер, денес дождов беше стварно гомнен... не ми е јасно како можеше она кафеаво гомно да врне...
седам во комбето и возам... брисачите пуштени на она вип-вап со пауза од неколку секунди помеѓу секое бришење... додека возев, го приметувам моментот дека на секое кревање, она од десниот бришач што ги избришува и остава пред мои очи е уствари, мнооооогу прљава вода, ама си викам ај, батали, глеј градов колку е прљав, ова од колите пред мене што возат, се крева гомненицата од асвалт како водена прашина, се лепи и затоа вака прљаво... арно ама застанувам на семафор, стојам 3-40 секунди, пред мене и околу мене сите стојат и приметувам дека бришачов и понатака гомнена вода ми остава пред очи... ме зачуди, ама немав одговор... стигам на објект, паркирам, работам, во меѓувреме и сонце огреа, излагам да земам нешто од комбе и го гледам комбево веке подзасушено и наместо бело, пролив-кафеаво станало... како у сахара да сум возел... јас вакво нешто во животот свој не сум доживеал, а можам да се пофалам (пожалам) дека сметам дека повеке од половина од животниот век сум го поминал-остарел-потрошил.
овој дожд дојде од југот т.е. од нашите поробени територии... бог знае што се дешава натака, што ли прават во фабриките и какви говна испуштаат во воздухот... бог знае колку токсично беше овој дожд денеска... а нигде не слушнав по медиумиве да се гукне нешто...