Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3294620 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
@Мартин: Мали, дај бе не го тупи..

Генерално, сосема е логично и нормално некој од помал град да има проблеми да се снајде во поголем. Исто како што човек од Скопје ќе се збуни рецимо во Атина..

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Од сите градови во Р. Македонија според мене најиндијански се вози низ Тетово. Таму како и за се останато, така и во сообраќајот не се почитува(или познава)  ниту еден закон. Потоа е Струга, па Охрид. Најнеискусни возачи има по помалите местенца како Св. Николе, Виница, Велес. Бар од моето сообраќајно искуство низ тие места имам добиено таков впечаток.

Не знам дали и колку редовно си сообраќал низ Куманово и Штип... По мои бројни искуства, Тетово е финска ауто-школа у однос на тие места :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
И треба малце повеќе трпение да имаме со странци и возила од провинција, особено ако се движат малце поспоро или некаде погрешат па сакаат да се престројат и каде не е дозволено.

Секако другиве работи што ги наброја Гојдо се за нервирање, пцуење, викање, свирење и слично :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Доообро, не го тупам. Теоретски барем читајќи ги овие поизбувливите ќе знам како треба да возам кога ќе решам да донесам кола овде. Само ако се развикал некој тогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Па ваљда ќе си возиш прописно... Што се замараш.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Мене па многу ме нервираат скопјани кои не ги познаваат сообраќаjните знаци и возат контрa по улицата каде живеам која е патем едносмерна, па уште и се расправаат ако не се тргнеш! ;D

Апропо скопјанишчата ! ;D Пред малку еден на дождов тргнал од спротивна страна на улицата кај мене пред куќа. Гледам светла од далеку викам ќе да е некој од страна чим тргнал контра смер. Си маневрирам полека на улица да си се пикнам во двор кога мајсторов стигна до мене и свири ли свири демек да побрзам оти му сметам нели демек. Си  маневрирам јас лагзам си се токмам он свири ли свири и на крај отвора прозор и од кола се дере,  Демек "Абе сељак еден шо праиш пола саат те чекам да поминам"!

Ја оставив колата на сред улица, одам до кај него и ми викам, Добровечер! Прво Свириш и се понашаш како последен сељак а си тргнал контра на едно смерна улица, а волкав знак стои очи ќе ти извади, Значи сељак си ни е ги познаваш сообраќајните знаци. А второ, или врати се рикверц или ќе ти викнам полиција па ако имаш вишок некое евро за давање, бујрум стој си тука.

Постојат 5 минути, се створи колона зад мене од возила, почнаа да му ржаат да се врати пошто неможат да поминат, виде-не виде како попче си се врати назад. Регистрацијата беше SK е сеа за потеклото на сељакот нема да шпекулирам. ;D

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Нели цел град еднонасочен ви го направија? ;D И мене ме нервираат тоа тристачите на улица и забодените прагови железнички на сред улица  ;D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Не е цел, повеќето ! А какви тристачи и какви прагови, не те разбрав што сакаш да кажеш и за каде зборуваш?


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Од форум некој, или вози бензинец или без појас се вози ;D

Значи некој од форум, кој вози бензинец и не носи појас. Ајде кој е тој нека се јави (а се знае кој е ;D )

Да ја олеснам потрагата... вози бензинец, не носи појас и вози под дејство на алкохол.  ;D

Таму како и за се останато, така и во сообраќајот не се почитува(или познава)  ниту еден закон.

Како го склопи овој дел, браво.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Од форум некој, или вози бензинец или без појас се вози ;D

Значи некој од форум, кој вози бензинец и не носи појас. Ајде кој е тој нека се јави (а се знае кој е ;D )

Да ја олеснам потрагата... вози бензинец, не носи појас и вози под дејство на алкохол.  ;D

Таму како и за се останато, така и во сообраќајот не се почитува(или познава)  ниту еден закон.

Како го склопи овој дел, браво.
You lost me... Кој е овој?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Мислам имаше некој таков, инаку не ми текнува конкретно кој. :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Од форум некој, или вози бензинец или без појас се вози ;D

Значи некој од форум, кој вози бензинец и не носи појас. Ајде кој е тој нека се јави (а се знае кој е ;D )

Да ја олеснам потрагата... вози бензинец, не носи појас и вози под дејство на алкохол.  ;D

И вози над ограничување...

Хмм, да не сум јас?? Или главниот осомничен Члинк ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
ох, колку ли само скопјани има кои немаат поим како се вози низ скопје...

главниот осомничен Члинк ;D

зашто главен осомничен? ме мрази? Члинк?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Па ти се одмаздил што  му ја маваше Алфата со тупаници тогаш.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Па ти се одмаздил што  му ја маваше Алфата со тупаници тогаш.

аууу негова ли била?