Не е еден туку мнозинството(повеќе од 50%) не знаат да се снајдат низ сообраќајот, и не само низ Скопје или друг поголем град туку и во родното место. Се шетаат од лента во лента без жмигавец и без концепт ко цела улица да е направена да вози по неа едно возило, а не три ленти полни со возила. Кога се врти од прва лента влагаат во било која лента (по избор или потреба), а ако треба да влезат во втора или трета лента по кои возат коли без разлика што првата е слободна не се приклучуваат туку чекаат да се расчистат втората или третата лента па директно да си влезат каде наумиле. На кружен тек, секогаш се вози спротивно сообраќајните прописи (предност не се дава на тој што е во текот, а кога е во текот се чека да влезат сите кои сакаат да се приклучат). Пешачките ко да не постојат, а ако некој безобразен пешак се најде на патот обавезно му се свири за да почека додека селанецот да помине со кола. Предност на раскрсница која не е регулирана со семафор има кој прв се снајде. И да не набројувам.
Од сите градови во Р. Македонија според мене најиндијански се вози низ Тетово. Таму како и за се останато, така и во сообраќајот не се почитува(или познава) ниту еден закон. Потоа е Струга, па Охрид. Најнеискусни возачи има по помалите местенца како Св. Николе, Виница, Велес. Бар од моето сообраќајно искуство низ тие места имам добиено таков впечаток.
П.С. Не сакам да навредам никој со постов, тоа е само моја перцепција и видување. Да бидам искрен, и јас сум имал проблем да се снајдам низ погуст/пометежен сообраќај во поголеми градови, поготово кога бев помлад со помалку шоферско искуство. Така да ние во Скопје немаме подобри шоферски способности туку имаме само повеќе искуство во погуст сообраќај. И не е срамота да се признае неискуството без разлика што некого можда тоа нервира.