На семафори кога си во лентата за лево и кога ќе ти се отвори зелено за лево - не даваш жмигавец? Лентата е за лево и само лево. Ти си у таа лента и идеш лево.
И пак треба да дадеш жмигавец.
Епа не давам, пошто нема потреба.
Има потреба. Жмигавецот не е само за тој позади тебе.
Може некој пешак брза, сака да ја претрча улицата во која што ти ќе свртиш (без жмигавец). Пешакот не е доволно блиску во раскрсницата, ниту пак гледа доволно внимателно, за да примети дека ти само што не си тргнал во негов правец.
Затоа постојат жмигавци кои се ДРЕЧ ЖОЛТИ и ТРЕПКААТ, и напред и позади и од страна. Идејата е да им го привлечеш вниманието на сите учесници во сообраќајот, дури и на оние невнимателните.
Што се однесува до заштитата на очите на тој позади тебе на семафор: ја не викам цело време дур чекаш да држиш упален жмигавец. Ја обично го палам на секунда-две пред да се смени од црвено во жолто. Но жмигавец МОРА да се даде заради situational awareness на сите, не само на тој позади тебе.
Ова се учи на часови за возачка дозвола. Според правила и на семафор се дава жмигавец и си има многу добри причини зашто е тоа така.