Ич не ја сакам и избегнувам да ја користам партизанска, арно ама некат мораш да поминеш. Па какви дебили се тоа пешаците тоа чудо едно, ме глеа да идам, глеа дека не возам споро, глеа дека е црвено за пешаци, глеа дека од другата страна исто има пешаци кои што чекаат културно да им се упали зелено и ослободителот решава дека е негова улицата и може коа сака да помине. Па на мајка ти пи*ката копито едно неваспитано. И тоа не е се, на следните семафори сасвим иста ситуација али овој пат у главна улога манекенка, ја свирам, не бре брате она на писта е, не потрчнуе ја треба да кочам на мое зелено. Бреее дебилизам, стварно не можам да си објаснам.
Друга работа што ме нервира се глупите кучиња кај мене на булевар. Ме нервираат зашто сакам животни(особено кучиња), а некој ден некој ќе ги стаи под тркала. Се затрчуваат ко ненормални, и ти застануваат пред кола и не ти даваат да поминеш, обично се по две едното стои пред кола другото трча по гумата и пробува да гризне од тркалото или евентуално браникот. Ова се дешава коа се искача од паркинг на булевар и дека поспоро се вози па користат ситуација. Друга полоша ситуација е си искочил на булевар забрзуваш 60-70 на саат и кучињава ти улетуваат контра, камикази човече, вчера среќа немав кола од десно па успеав да го избегнам, иначе ќе го бапосав ќе го парчосав и него и колата. Стварно не знам зашто имаат такви суицидни нагони кутрињава.