Пред некој ден во Кавадарци беа згазени две малолетни деца на мотор со возило мерцедес,децата биле на возраст од 12 и 13 години,па кој прост родител му дава на 13 годишни да возат мотор,пред 4 часа едно детенце ама 12 години мах. гледам вози скутер ми го сечи патот,се качува на тротоар и пак излегува на мојата лента,едвај застана,го заобиколив и си продолжив.На 50 м застанувам на семафор и само што ми се отвори зелено а да тргнам и детето со скутерот ме заобиколува од лева страна и ми излегува пред кола и врти десно ова сето на сред раскрсница закочив нагло,а само што тргнав.Ми идеше да го следам и да ги поредам неговите со пцовки,ќе те стави во бела а напатен сум од малолетни со скутери.Пред 2 години,паркиран пред една сендвичара во градот,само што сакав да ја отворам вратат со голема брзина два скутери поминаа и едниот удари во ретрвизорот,а се тркаа двајцата.Не застанаа,тргнав по нив,го фатив едниот,тој што ме удри,па и на тепање нурна,му залепив некоја воспитна,па лекарско извадил,па ме тужеше,но и јас извадив лекарско и јас го тужев,а детето малолетно,не смее да вози мотор,не смее да биде низ град после 00 ч а ова беше во 2 часот по полноќ,еднаш осудено бидејќи згазил бебенце во количка со скутерот,но татко му бизнисмен синот разгален,но кога видоја дека има тужба од моја страна,ме молеа да ја повлечам.