Идиоти во кола...
Сношти, возејќи во Скопје низ густата магла, на патарина десно, стои полиција со ротациони, а покрај неа еден идиот со BMW E36, се лепи позади колата пред него и поминува без да плати патарина. Полицијата не реагира, ама страшното е што тој идиот позади немаше апсолутно никаква сијаличка што свети... и така си замина во ептен густа магла да вози...
На влез во Скопје, уште на автопат, го гледам тој истиот идиот, се паркирал во маглата за да оди на гости или чекаше некого од тие што живеат таму преку ограда... Колата оставена со "четири жмигавци" во густата магла на автопат, четири во наводници, бидејќи позади само десниот трепкаше. Тоа му беше и единствено светло што воопшто му свети назад...