Навистина не е јасно што им се врти низ паметот што не вклучуваат жмигавец, поготово на семафори со помошно зелено за право.
Штедат сијалички, потрошувачката ќе им се зголеми, џомби ли се, махери ли се, како испод ниво им е да дадат жмигавец за лево?
Си вози лагано пред мене и застанува на семафорот кај Бардовци без жмигавец и помислив дека не го видел помошното зелено за право пошто од скоро го поставија семафорот. Му свирнав кратко и му гестикулирав дека може да пичи, тој ми гестикулира као шо ми свириш, ќе вртам лево.
Му гестикулирам, па пушти жмигавец мајку му. Не бре, од инат воопшто не го вклучи ни кога тргна да врти влево.
Му пуштив клетва да му рикне електрична инсталација
