Ќе напишам за сообраќајка што пријател ја имаше пред година дена (дека само што ја видов темава).
Јас сум со црно, пријателов со црвено, Идиотот со зелено.
Идеме од саем на кружниот тек десно за автокоманда. Пријателов иде пред мене ја позади него, и го имаш моментот каде што југото (зелено) си дава лев жмигавец од десна лента и без да погледне дека има кола си врти и го удира. Незнам како ги сопрев да не се испотепаат 
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Од 2013-та помина многу време, верувам дека сте ги научиле правилата и сте сфатиле дека зелениот е крив. 
Ако се искача на првиот излез десно, тогаш не се влегува на внатрешната лента (левата). Значи црвениот во старт згрешил што влегол на лева/внатрешна лента, штом сакал да излезе на првиот излез... Од друга страна и зелениот згрешил, требало да даде предност на тие од левата лента кога даваат жмигавец за излез десно (а црвениот не ни знаеме дали дал жмигавец, не е наведно). Не само тоа туку зелениот и ако не планирал да излезе на првиот излез тогаш требало да иде на внатрешна лева лента.
Накратко:
- тој во внатрешната лента има првенство ама треба и да пази, и ако гледа дека во десната лента има идиот - да си заврти круг и да си излезе потоа.
- тој во надворешната лента треба да им даде предност на тие од внатрешната/левата лента кога даваат жмигавец за десно.
Kaко што е објаснето и нацртано, и двајцата се криви... А црвениот ако возел бргу и завртел без жмигавец десно, тој па апла е крив а зелениот можеби и не е крив.