Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2904295 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20550 на: 06 Октомври 2020, 12:16:18 pm »
Владич, ти да не беше во другото ауто?   ;)

Не можам да го најдам тој дел во законот, само ова од некој веб сајт:„Доколку не му дадете предност за минување на возило, односно на возило од вашата десна страна, казната останува исто – 300 евра.
https://kanalvis.com/?p=17722&fbclid=IwAR3kXDFqHAbeHVNFIDbwkS3YU235LLzVvq2yYAuXW5SgjjT8Sf5PMWhKxxQ



Застани на цигара, тоа е доволно доста време фраерот да се изгуби и да крши глава. Овие се опасни по живот. Батали го нека крши глава со дигнат к*р.

Абе ако имаш време за пауза значи дека не се брзаш, само тогаш нема ни се обидуваш да претекнуваш такви ликови.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20551 на: 06 Октомври 2020, 12:20:58 pm »
Јас на вакви куртони мавам во трета брзина пуна гас го поминувам од десна страна и нека крши глава. Проблемот е што ако си со слабо ауто како да го поминеш пошто момакот очигледно забрзува кога пробуваш да го поминеш. Дебил.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5931
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20552 на: 06 Октомври 2020, 12:21:39 pm »
Епа дека е ропак е ропак нема збор,намали со брзина 30 секунди и нема да го видш уште еднаш, поарно така отколку да му г билдаш егото, ама од моментот кога се  престрои ти во десно се симна на ниво подолу од неговото, и отоа не еднаш него упорно мораше да се докажиш да ги претицаш во десна лента... види сеа побарај си закон и за тебе колку е казна за тицање од  десна страна и недавање сигнали при разминување, освен на вибрации ако ти беа  жмигавците  наместени :D No offence  ама стави видео повеќе прекршоци во  километар напрај од тој шо сакаш да го окривиш
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20553 на: 06 Октомври 2020, 12:35:44 pm »
A како виде дали пуштав жмигавци??  :D


... од тој шо сакаш да го окривиш
Според тебе он е чист а јас сакам „да го окривам“?  ???

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20554 на: 06 Октомври 2020, 12:43:09 pm »
Сака да каже дека заради неговата педерска реакција, ти направи прекршоци во сообраќајот.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5931
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20555 на: 06 Октомври 2020, 12:43:49 pm »
Па има звук видеото, :D не биди драма квин, кој рече дека е чист констатиравме дека е ропак, само требаше да го скратиш видеото
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20556 на: 06 Октомври 2020, 12:54:36 pm »
Сака да каже дека заради неговата педерска реакција, ти направи прекршоци во сообраќајот.
Претекнување од десна лента, да. Недавање жимигавец, не.
Со онаква звучна изолација на голфов - кога Владич ќе каже што музика слушам (а пуштена беше на ~75% за воошто да слушнам нешто), тогаш ќе му поверувам дека може да разликува и звук од жмигавци во целата бука. ;)




Јас на вакви куртони мавам во трета брзина пуна гас го поминувам од десна страна и нека крши глава. Проблемот е што ако си со слабо ауто како да го поминеш пошто момакот очигледно забрзува кога пробуваш да го поминеш. Дебил.
Не е проблем да нагазам - само не сакав да влагам во негова (лева) лента без да го оставам барем неколку десетини метри позади а напред во десната лента имаше аута, идиотски е да ризикува. Инаку не се возеше брзо кога се деси ова. Јас дали 120 возев а он испод 100 на првата средба. Тие во десната лента окулу 100-ка.




Па има звук видеото, :D не биди драма квин, кој рече дека е чист констатиравме дека е ропак, само требаше да го скратиш видеото
Кога кажуваш дека го „окривувам“ тоа значи дека на невино крив сум го направил.
А видеото е целосно, ништо не е скратено и нема зошто да се крати.

Цитат
драма квин
;D

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20557 на: 06 Октомври 2020, 15:37:12 pm »
И ја претицам по десна лента пошо немам снага за лева. Пред 3-4 недели фаќам залет пред велешко брдо и ме укочи замислете бмв у средна лента па го поминав по крајна десна да не ги кочам летечиве у лева 😂

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20558 на: 06 Октомври 2020, 16:10:47 pm »
Убаво се гледа на почеток дека во лева лента намерно кочи нагло баш кога @Van беше зад него. Ептен дебилски и намерен потек. И јас би пробал да го поминам од десно ако нема коли

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20559 на: 06 Октомври 2020, 16:25:56 pm »
Дечкото купил БМВ 5ка за 5000 евра и сака сам да се вози во лева лента.
Шо не е јасно?



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20560 на: 06 Октомври 2020, 16:26:28 pm »
Ликови кои глават на лева лента на автопат.
Во овој случај и сомнителен беше мамлазот, на сигнализација не се тргаше а кога се обидував да го претекнам (јас во десната лента) убрзаваше и потоа пак кочеше.

https://streamable.com/ps2ez7
Никаков прекршок нема со претицањето, си возиш 120 колку што е дозволено и не е твој проблем што некој без никаква причина преминува на лева лента, стиска кочница и вози споро.
Сосема е друг моментот што му се врти низ глава и колку може да се најде испровоциран од ситуацијата...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20561 на: 06 Октомври 2020, 18:28:33 pm »
Никаков прекршок нема со претицањето, си возиш 120 колку што е дозволено и не е твој проблем што некој без никаква причина преминува на лева лента, стиска кочница и вози споро.
Сосема е друг моментот што му се врти низ глава и колку може да се најде испровоциран од ситуацијата...

Лошото во случајов е што не знаеш што му е проблемот, а очигледно има некој проблем. Штом намерно кочи во лева лента, од кај знаеме дека (при претицање од десно) нема да направи некоја глупост со страничен удар во обид да се врати во десна лента у таму да ми посмета... Затоа најдобро е како што вика @зоки-златен застани или успори и остај го да крши глава. Само кога се брзаш па изнервиран во афект не размислуваш од тој аспект.

Таму во тој дел од автопатот (накај Велес пред МП бензиската) десната лента нема некој многу лош оштетен асфалт, нема логика зошто воопшто вози во лева лента со ~90... Па и закочувањата. Којзнае што му се дешаваше во главата, можеби и некој инцидент сакаше да направи. Почнаа да се прават филмови со осигурителниве полиси. :-/

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20562 на: 06 Октомври 2020, 19:38:53 pm »
Не дека сум мајка Тереза, сум имал ситуации кога сум искачал дури од кола за некој вакви (небитно за последиците) ама стварно кога ќе подразмислите со ладна глава, решението е тоа, да го пуштиш и да не си го заебеш денот.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20563 на: 06 Октомври 2020, 20:01:40 pm »
Се гледа регистрацијата на видеото...

Таман, најдете се и двајцата за раче кај психологот да поразговарате и размислите за вашето однесување...

Нема тука кој е крив, двајцата лошо сте возеле, да му ебам стопанката.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #20564 на: 06 Октомври 2020, 20:48:39 pm »
Проблемот со нашево општество е што станува норма да се попушта и да се толерира идиотско однесување. За жал тоа не е решение, затоа што истата индивидуа која неказнето загрозува безбедност во сообраќај на сите учесници во истиот - утре ќе го повтори истото однесување. И пак, и пак. Се додека еднаш некој не настрада.

Така доаѓаме до ситуации како онаа лани (или преклани беше) кога на Илинденска во директен судар погинаа двајца, од кои едниот беше со одземена дозвола и 17 регистрирани сообраќајни прекршоци после одземањето на дозволата... Системот, државата, морале таквата индивидуа да ја отстранат како закана за учесниците во сообраќајот, имале многу прилики и поводи да го направат тоа. Но тоа не се случило. Не се случува и понатаму.


Јас не сум идеално морален човек, но не сум ни дилетант. Пазам колку можам да не загрозувам туѓа безбедност. Тоа како јас изреагирав во ситуацијава, никако не го менува фактот дека истиот лик некогаш, можеби утре, пак ќе му го направи ова на некој друг. Можеби баш на тебе @loopz или на некој твој близок. На некој невин, можеби некој неискусен возач кој ќе направи некоја кобна грешка... А јас лично во животов имам попаметна работа од тоа да изигрувам шериф, и да барам дилетанти по регистрација, и да ги решавам проблемите кои цела една држава не може (затоа што не мора) да ги реши.

Решението можеби е во подигање на свеста, и јавно посочување на дилетантите.
Затоа го поставив видеото, не за нешто друго. Ако ваквите почесто ги посочуваме, можеби, можеби нешто лека полека ќе се смени. Можеби и нема, ама нема да знаеме ако не се обидеме.