Проблемот со нашево општество е што станува норма да се попушта и да се толерира идиотско однесување. За жал тоа не е решение, затоа што истата индивидуа која неказнето загрозува безбедност во сообраќај на сите учесници во истиот - утре ќе го повтори истото однесување. И пак, и пак. Се додека еднаш некој не настрада.
Така доаѓаме до ситуации како онаа лани (или преклани беше) кога на Илинденска во директен судар погинаа двајца, од кои едниот беше со одземена дозвола и 17 регистрирани сообраќајни прекршоци
после одземањето на дозволата... Системот, државата, морале таквата индивидуа да ја отстранат како закана за учесниците во сообраќајот, имале многу прилики и поводи да го направат тоа. Но тоа не се случило. Не се случува и понатаму.
Јас не сум идеално морален човек, но не сум ни дилетант. Пазам колку можам да не загрозувам туѓа безбедност. Тоа како јас изреагирав во ситуацијава, никако не го менува фактот дека истиот лик некогаш, можеби утре, пак ќе му го направи ова на некој друг. Можеби баш на тебе
@loopz или на некој твој близок. На некој невин, можеби некој неискусен возач кој ќе направи некоја кобна грешка... А јас лично во животов имам попаметна работа од тоа да изигрувам шериф, и да барам дилетанти по регистрација, и да ги решавам проблемите кои цела една држава не може (затоа што не мора) да ги реши.
Решението можеби е во подигање на свеста, и јавно посочување на дилетантите.
Затоа го поставив видеото, не за нешто друго. Ако ваквите почесто ги посочуваме, можеби, можеби нешто лека полека ќе се смени. Можеби и нема, ама нема да знаеме ако не се обидеме.