Казни треба да има.
Камери што сликаат прекршоци треба да има и казните да стигаат по пошта на сопственикот на возилото кое е усликано.
Казни треба да има и за технички прегледи што пуштаат возила како "исправни" со врски. Таму казните треба да се ужасно високи.
За 365 дена сите антички дизел камиончиња, обезкатализаторени возила ќе се проверат на технички и ќе се исклучат од сообраќај.
Ако повторно е затекнато во сообраќај возилото и без поминат технички преглед, тогаш иде у отпад.
Преса. 7 денара кило. По кратка постапка.
Само тоа е начин да се вразуми простаклукот, самоволието, шерифлукот и партискиот полтронизам.
За надпросечно прост и тврдоглав народ, треба надпросечно ригорозни и драконски мерки.
Не гледајте мерки и превенција од западниот свет. Ние не сме тоа. Ние сме збир на простаклук, малограѓанштина, необразуваност, себичност, еготрип и "кам во поштенско сандаче".
Казни и Преса.
Сето ова е убаво, само под услов минимална плата да е 2,000 евра, а не 200.
Мое мислење е дека доста од тие работи што ги наброја за одржување на возилото, се поради немање на пари да го одржуваат правилно.
Друго, првин треба да се среди политиката и политичките партии, со најстроги контроли врз нивното работење, за да после се среди народот, во спротивно колку сакаш казни воведи, парите ќе отидат кај некој кој и моментално има далеку повеќе од што му се потребни.
Треба добар јавен транспорт. Точни и брзи автобуски линии. Добра инфра структура за велосипеди. Треба да се исплати да се возиш со автобус отколку да идеш некаде со кола.
Неможе да е дозволиво превозник кој се бави со транспорт да купи тамче и да врши дејност.
Неможе да е дозволено да осакатиш возило и да загадуваш и тоа да проаѓа на технички.
Исто така неможе технички неисправно возило да се пушти во сообраќај.
Тоа нема врска со платата.
Ако некој ти дозволува да бидеш идиот, ќе бидеш идиот.
Ако никој не те мава по џеб зашто загадуваш и загорозуваш безбедност во сообраќај, ќе вадиш катализатор и ќе возиш крш по улици без кочници.
Ако немам пари да си купам нешто, нема да го купам.
Ако немам пари да одржувам возило, нема да ко купам.
Општото добро (здравје, екологија...) неможе да го масакрираме само заради тоа што просечната плата не е 2000 евра.
Хипотетички:
Ти имаш 200 евра плата. Купуваш тамче старо 40 години и вршиш превоз на стока. Остваруваш приход, притоа загадуваш.
Јас имам 2000 евра плата. Купувам камионче ново со Еуро 6 стандард и вршам превоз на стока. Остварувам приход, притоа не загадувам.
После одреден период, заради загадувањето јас се разболувам и добивам тешка болест на дишните органи која ме чини 200000 евра за да се излечам.
Која е поентата што јас имам 2000 евра плата, а ти имаш 200 евра плата.
Како ќе ме спаси тоа за да не умрам од рак на бели дробови (Скраја да е)?
sigurno, bash od zagadzenjeto od tamceto od Angeleta si se razbolel, sve e zagadeno, pa sega do edno tamce doslo...
Platata da ja krenat, bar 2000 eu, nikoj ne saka da vozi stara i neispravna kola. i da, da gi stegnat tehnickite, majstorite da davaat fiskalni, a ne visak ti bese katalizatorot, odi i bez egr, dpf samo problemi pravi kje go izvadime itn... Ama ovde e basibozuk, zakonot ne e za site ist...