Цело лето, додека немаше гужва, ништо не се работеше (луѓе на одмори, децата на распуст, растеретено), дојде крај на септември/почеток на октомври и почнаа да ја средуваат Огнен Прица, прво со гребење на асфалтот, па возевме така едно две недели со наизменично пропуштање на коли од двата правци, шахтите штрчеа некои 5 см и оние поопасните мали капачиња, идеални за распарување на гуми и бандажи и сега ја асфалтираат......проблемот е во тајмингот и преспорото работење на фирмата (незнам дали можеа повеќе и побрзо со 5 луѓе на терен)....на таа улица најголем проблем беше тоа што шахтите (по 5 шахти на м2) не беа нивелирани, така да ако тоа не е средено џабе асфалт....
Мора да го спомнам и новиот кружен тек кај последна 24, почнаа со градежни активности втора половина 2015 година и уште не е готов, сега почнаа со асфалтирање ама не целосно, на секои 3 метри има по еден ров (4 комада со земја која ја носи вода при секоја киша), прашина, земја, кал цели 3 години....додека пак булеварот што се проби од овој кружен тек до Цементара, асфалтиран со еден слој асфалт во 2016 година (ама ок, конечно се среди тој дел) сега го копаат од десната страна да ставаат цевки