Работи што ме вадат од такт во сообраќај:
1. Извини не те видов
2. Искача од споредна улица, гледа дека идеш, ја врти главата обратно од твоето движење како да е ној и продолжува
3. „Паметни“ што од лента за право вртат лево/десно пред сите, пошто ние у колоната сме глупи
4. Дебили што се 17 кола во ред, а свират на семафор за 3 милисекунди откако ќе се запали зелено
5. Луѓе што ја фатиле лентата како да е на дедо им и нема шанси да се престрои некој регуларно
6. Брза да се приклучи од споредна уличка и продолжува на главната со 13км/ч
7. Глумење брзи и бесни низ град, а кај што треба гас да се дава нигде ги нема
8. Неписмени со купени возачки што немаат поим што значи правило на десна страна
9. Кога ќе заврне у Скопје и сите влагаат у кривина со 6км/ч, пошто ако возат нормално недај боже ќе излизгаат или ќе се истумбаат
10. Скопје е град со најмногу манекенки според број на пешаци у свет.