Пак улетуваме у истиот муабет. Лева лента слободна, у десна се вози. Лева претицаш, се префрлаш у десна. Нема што некој некого (освен полиција, која е задолжена за спроведување на ред во сообраќајот), да „спречува“ да не направи беља. Поголема беља може да настане ако му излезеш у 3-та лента на некој залетан, чисто онака, да го спречиш да вози брзо. Седи си во десна или средна лента. Левата остави ја на раат, освен кога ќе ти затреба да претицање. И тогаш, погледни 3 пати во ретровизор, да не има некој со 200 што веќе ја користи за истата намена.