Пред пола саат кај пешачкиот семафор кај средното училиште Владо Тасевски стоиме на семафорот пошто е црвено. Во тој момент, 10 метри поназад од семафорот две жени ги прерипуваат жардињерите и одат по ивичњакот на левата лента и чекаа две коли што надоаѓаа да застанат за да поминат.
На само 10 метри од пешачки со семафор кој беше црвено за коли, зелено за пешаци.
И во вторникот исто на таков семафор, овој пат кај народна банка. Зелено за коли, ја бев нешто поназад, а колите понапред веќе го имаа одминато семафорот и цела ергела на пешаци, како оние бизоните во африка кога трчаат, е таква цела сурија на пешаци тргнува и не им е гајле и во ниту еден момент не ја свртеа главата лево да ме видат дека надоаѓам и барем да побрзаа.