Не се надевајте многу на полиција. Сестра ми имаше англиски речено stalker маж постар 30тина години од неа, пријавувавме за да не испадне после он нас да не пријави, одговорот беше додека не и направи нешто неможеме ништо, само да го опоменеме. Втор случај, шарпланинци на комшија кои ги пуштил и си шетаа низ улица и влегуваа во двор кај мене, пријавен сто пати, одговор ако ве нападнат кучињата тогаш можеме да дејствуваме инаку ништо неможеме да направиме. Напрај ти нешто, ако немаш врски по тебе ќе удрат. Тука се гледа нивото на државата, а колку што имам разбрано сега на полицијата демек многу и биле врзани и рацете и не смееле да постапуваат како порано со воспитни за справување со такви личности.