Повеќе е паркингот верувај. Додека владее „се проаѓа добро е“ ќе има проблем. „Е добро де можеш да пројдеш“ муабеот е она што нечини. Средено е само кај што е масовно оступчено и тоа е тоа. Иначе ништо. Ступчиња и жардињери.
Сметаат со тоа што наместо еден паркинг фаќаат два, паркираат на некој влез, пред гаража и така натаму...
Како што е спомнато поназад: Јас да си завршам работа, другите кој ги ебе.
Ете да има повеќе паркинзи (факт е дека се плаќаат или ќе се плаќаат), ќе се напика некој вуспич пред влез, пред гаража оти за брзо е, ќе се врати, ти ќе си почекаш. Оди во Шити Мол на шопинг, излегва со 6 торби, влегува во колата што му е паркирана преку улица пред рандом зграда затоа што е тој бесплатен паркинг (иако 1 час е бесплатно во Шити Мол, а секој нареден е 30-40 денари, сме го зборувале ова). Проблемот е во црпката на малограѓанштината која што и да направиш ќе си го тераат своето (за да си го задржат епитетот, многу нормално).
Сељак не се станува, сељак се раѓа. Од најмали нозе се тренира од дома, независно дали е растен на село или во центарот на градот. Сељак е карактерна особина, не геогравска одредница
