Денес една квочка сакаше да ме изнервира што не знае хоризонтална и вертикална сигнализација да поштуе. Улицата накај водњанска спроти нлб, кај што има помошно зелено за десно и право нагоре према водњанска три ленти, лева за лево, средна за право и лево, десна за право и десно. Јас во средна лента со жмигавец за лево, чекам семафор зелено да се упали, а таа сиротата легнала на свирка, пуна уста пакосни зборови ја глеам у ретровизор, мавта со раце, пцуе вика...право ѝ се одело нејзе преку мене сака да лета... си седам и чекам зелено и си викам во себе „ах, да бев сега сам у кола, како ќе се разберевме јас и ти, што си легнала на свирка како недоквакана..“ и така... свашта добива возачка у нашиов град, си продолжив скоро па изнервиран кога си се упали зелено, додуша, додадов уште една секунда стоење откако се упали зелено, за понервозен да ѝ биде денот на таа.