Претежно гледам да одбегнам секакви ‘натегања во вожња‘,но некогаш знае заради недоразбирање да се искомплицираат работите...
Германија еден лудак влезе да ме претицува јас со камион и тој исто,јас возам 89км/х и тој исто и не можи да ме помини 3км, и си вози во втора лента така зад мене...
Почнав да го стигам тој пред мене шо беше,дадов жмигавец дека ке претекнувам,ми блендна дека ок влези,го поминав камионот пред мене и овај шо сакаше да ме помини исти иди по мене и уште е упорен д ме помини а исто возиме...По 2-3 километри стигнав до исклучокот кај шо треба да се исклучам и почнав да намалувам,овај лудакот од зад мене иди до мене пушта светло внатре и прај некои гримаси...Си велам оди еби се и го поздравив со рака(ништо вулгарно),ненормалниот на пола приколка ми сече пат...
Инстиктивно свртив нагло десно и цела среќа шо немаше коли во другите две ленти(кои се приклучуваат на автпатот),инаку ке беше покољ...
Не се пуштив по него пошо ке беше џабе не ке можев да го стигнам пошо пред тоа исто возевме,да не возевме исто пред тоа ке пробав,а ако го стигнев сега можи ке пишев од некоја келија.
Наравоучение: колку можите гледајте да одбегнувате вакви ср**а,пошо незнаеш каков лудак седи зад другиот волан...
п.с и на запад има вака со се пикаат па има трпение и култура и се пропуштаат,освен Белгија каде си препуштен сам на себе и мораш на сила да менуваш лента...