Принципот е исти - крадеш и возиш
Сакам да кажам - не секогаш родителите знаат какви глупости праат децата, се` дур не ги начекаат да праат глупости. Затоа не сакам веднаш да ги окривувам директ родителите. И јас сум родител и јас имам родители и сум бил копиљ. Али за некои глупости сум кркал по два три шамари и од други и од родителите.
Единствената сообраќајка во животов ми е пред 3-4 години со југцето кога ме лупна 15 годишен копиљ кој нема чуено за прaво на првенство на минување на нерегулирана раскрсница..плус непрегледна а он залетан..
Имав благ потрес на мозок и некое црвенило на главата од ударот..ме удри во задно десно крило и ме сврте за 100 степени.
Копиљот плачејки кажа дека нема возачка, дека go украл Стојадинот на татко му, нерегистриран и без атестиран плин.
Дојде татко му..црвен од нервоза, го фати за уши малиов.....ми искешира 20.000 ки на рака ..и ни полиција ни компликации..фала пријатно.
После на снимање во Градска болница ми рекоа дека сум морал да пријавам дека повредата ми била од сообраќаајка, нормално не го сторив тоа , па дури и му вратив 50 еур кусур откога го поправивме и префарбавме Југцето.
I know..im a saint.

...али малце фалеше да излезам со Астрата наместо со Југото...а тогаш...тешко дека вака ке поминеа.