Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Јас не спомнав ниту базуки ниту лајтсејберс.Али еве да ви покажам како ќе заврши работата ако се заебаате:СУДСКИ ЕПИЛОГ НА ДИПЛОМАТСКАТА СООБРАЌАЈКА ВО КОЈА ЗАГИНА СЕМЕЈСТВОТО БАЛТОВСКИИнспекторот- возач на полицискиот чистач ослободен од обвинениетоСудскиот совет со кој претседаваше Тодорка Шишковска, донесе пресуда со која Слободан Гиговски инспектор во МВР се ослободува од обвинението оти не биле најдени докази за негова винаВо Основниот суд во Битола, по тригодишен процес беше завршено судењето за со дипломатската сообраќајка во која настрада брачната двојка Душко и Вера Балтовски од Битола. Судскиот совет со кој претседаваше Тодорка Шишковска, донесе пресуда со која Слободан Гиговски инспектор во МВР се ослободува од обвинението. Тој беше обвинет за тешката сообраќајна несреќа на 7 јули 1998 година, на магистралниот пат Прилеп - Битола. Поради пропусти во обезбедувањето на дипломатската делегација на Македонија и Турција, кај селото Беранци на патот Прилеп - Битола загинаа две лица, а четири беа повредени. Возилото, полициски чистач, управувано од Слободан Гиговски навлегло еден метар на спротивната лента при што со ретровизорот било закачено возилото што доаѓало од спротивната страна "шкода фелиција" управувано од Душко Балтовски од Битола. Притоа возачот ја загубил контролата и шкодата удрила во едно од возилата на дипломатската колона а потоа се превртила. На местото на несреќата загинаа возачот Душко Балтовски и неговата сопруга Вера, родители на две деца. Судот ги презел сите потребни постапки за истражување и добивање стручни наоди во врска со целокупниот случај со дипломатската сообраќајка и констатирал дека нема докази за вина на Слободан Гиговски.Застапниците на семејството на загинатите Балтовски, од битолското село Бистрица, незадоволни од ваквата пресуда најавија жалба. Тие и во оваа прилика изразуваа благодарност за сочувството и грижата искажани од тогашниот турски премиер, Месуд Јилмаз и од Редакцијата на весникот Милиет од Истанбул кои обезбедија бесплатно студирање за синот на загинатата брачна двојка Александар на еден од факултетите во Турција, каде што се наоѓа сега.Д. Јанковска ......................... Oслободителна пресуда за Слободан ГиговскиОсновниот суд во Битола трет пат донесе ослободителна пресуда за Слободан Гиговски, возач на владин автомобил, што учествуваше во дипломатската сообраќајна несреќа пред 7 години, во која загинаа битолчаните Душко и Вера Балтовски.Основниот суд во Битола трет пат донесе ослободителна пресуда за Слободан Гиговски, возач на владин автомобил, што учествуваше во дипломатската сообраќајна несреќа пред 7 години, во која загинаа битолчаните Душко и Вера Балтовски.Во инцицидентот што се случи за време на патувањето на делегациите на тогашните премиери на Турција и на Македонија, Месуд Јилмаз и Бранко Црвенковски, беа повредени и тројца членови на турската длегација.Па сега бидете вие умни и смејте се за базуки мазуки рпг-а... толку од мене. Јас од тогаш имам голем респект спрема „чистачи“ од пратња. Боље ја да се учукам отколку они да ме учукаат.
Цитат: Deni на 12 Декември 2013, 01:18:16 amАааа имало еден случај што не е рекла казала. Браво. Штета што е изоставен шлеперот.прекини бе да бидеш инат еј...
Аааа имало еден случај што не е рекла казала. Браво. Штета што е изоставен шлеперот.
Еее, тоа е Бојан. Не читаш „намерно“, затоа што прееска кажав, во весници, они ќе се погрижат што ќе пишува, дур тебе ти пее поп.
Незнам што толку лично ми се наврте Онак да ме кења мене наместо да дискутира на темава. Дени па Дени.
Ima negde zakon ili pravilnik za toa cistac vozilo !veli: Возилото, полициски чистач, управувано од Слободан Гиговски навлегло еден метар на спротивната лента при што со ретровизорот било закачено возилото што доаѓало од спротивната страна ...Na krivina e neizbezna soobrakajka...!!
Во право си де, ама тоа е друг момент. Сакам да ги одделиме работите една од друга иако се практично недделиви. Он не смее да те убие ако не преставуваш закана, ама ако го направи тоа во 99% од случаите ќе се извлече како ништо да не било и или ќе си живее уште или ќе се самоубие поради човечки живот на душа.
Цитат: RedEco на 12 Декември 2013, 01:23:29 amIma negde zakon ili pravilnik za toa cistac vozilo !veli: Возилото, полициски чистач, управувано од Слободан Гиговски навлегло еден метар на спротивната лента при што со ретровизорот било закачено возилото што доаѓало од спротивната страна ...Na krivina e neizbezna soobrakajka...!!Има закон, законот си вика „ТРГНИ ИМ СЕ ОД ПРЕД ОЧИ“.
другар ја потенцирав претходно дека на отворен пат кога ти доаѓаат од спротива баш возат во твоја лента т.е пола лента и како што е нагласено во извештајот едно метро во спротивна лента за да имаш ти место десната страна да ти е на земјата а со левите тркала да си на коловоз НЕ ДА СЕ ФРЛИШ ДИРЕКТНО ВО НИВА! е сега прашањето е колку си способен да се снајдеш значинајбрзо што можеш максимално намалуваш брзина кога ке ти излезат во видно поле и бегаш максимално на десно и крај никому ништо, а човеков претпоставувам не избегал или евентуално апла не реагирал на нив и го закачиле по што изгубил контрола