Идиотот што прееска ќе ме удреше.Јас со моторче возам во лева лента, тој со кола по десна од семафорите на кај рампа. Јас го претицувам, а пред него патот блокиран, и типот преминува лента кога јас бев паралелно со него. Јас свирам и кочам, а тој идиот си се пикна.
Пред неколку дена слично ми се случи. Возам со моторчето од општина накај рампа. Држам пред мене нормално растојание од комбето. Типката зад мене ме поминува и врти нагло десно и буквално ме исфрли од патот. Ако не заминев скроз десно на новиот асфалт (на кој има паркирано коли и одат пешаци) ќе ме удреше и тоа добро. Свирев долго време, ја поминав и паки свирам и мафтам со рака... и само ми се сврте како ништо да не било и си продолжи со разговор на мобилен.
Недај боже третпат да има неделава, или ќе треба да ме паднат од моторче да неможам да станат, или јас ќе ги паднам од кола
Значи преку таквото од идиоти кои моторчињата не ги сметаат за рамноправни учесници во сообраќајот.
5-6 години возам скутер.
Никогаш не сум се пикал во колона за да излезам прв на семафор.
Никогаш не сум претицувал од десна страна.
Секогаш имам запалени светла и секогаш давам жмигавци.
Никогаш не возам по еднонасочни во спротивен правец.