Ехх, во Чаир го доживувам ова само 3-4-5 пати е полошо... Чекаш неколку пати заради некој друг што минува на црвено или па од друга лента си се пребацува во твојата, или можеби решил да се прекачи преку тротоар па ти си му на патот и те блокира да поминиш дур си на зелено бидејќи неговата работа е побитна од твојата нели, а успат да внимаваш некој летечи пешак да не згазиш меѓу колите. Колите се движат и по тротоари исто така. И да, секогаш нервозни ако не ги пуштиш да се убацат во твојата (неправилно, ама без проблем се кочи сообраќајот тука), а никогаш не сум видел шипо да пушти друг туку секогаш цепа дур може (и тоа во овој случај за правилно престројување правам муабет), пак ќе речам приоритетни се секаде.