morase sa ima mnogu podobro resenie
Нормално дека има подобри решенија. Едно најбанално е следново: Speed camera или по нашки, камера која те слика и ти испраќа честитка дома. Честитката е со содржина од извршен карактер, можеш да ја платиш казната или да одиш на суд. Е сега ако знаеш судии што можат да ти завршат работа како што знаеш џандари... Епа тогаш време е за размислување за кариера во криминал.
Во спротивно ќе возиш според прописи или ќе плаќаш казни на секој прекршок на брзина (буквално), а не само еднаш годишно на плава месечина кога ќе се погоди да те застане инаетлив џандар а сите познати спијат и не ти се јавуваат...
Сепак не сонува општината кај има кратер по мали уличиња или сијалица прегорена. И да приметил некој, заборавил и толку.
Абе ај не ме је8и, општ башибозук држава е ова и никој за ништо не одговара, и ништо не се менува. Јас лично имам (од инает) упорно МИЛИОН РАБОТИ пријавувано и
од искуство можам да сведочам дека 95% од пријавените случаи никој ништо не презема... Сеедно дали е палење гуми на кеј, или дупка во улица, или Х други работи. Исто е како никој да не пријавил. Едноставно ништо не функционира во државава, а луѓево ПАК НЕКА ГИ ГЛАСААТ ТИЕ ДВЕТЕ УСТРАНИ ПАРТИИ ШТО СЕКОГАШ ГИ ГЛАСААТ.
Извини тебе што ти се обраќам... Ти си ти типичен пример за оптимист кој сака да ги види добрите работи (кои реално ги нема). Не е до тебе, тебе те земам за пример за размислувањето на мнозинството но всушност САКАМ ЦЕЛА ДРЖАВА ДА ЈА ИСПЦУЈАМ.
Треба законите да функционираат и да се спроведува нивно почитување, не да се градат физички препреки на булевари.
Остај тие муабети дека „рајата е таква“, тоа се само изговори на неспособна држава. Доказ е тоа што истата таа раја кога оди во западните држави, многу успешно ги следи тамошните законски норми. Истите луѓе, ама во различни држави. Држави каде законот се спроведува.