Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2634189 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19605 на: 19 Септември 2019, 14:38:18 pm »
Во реалност не ни има толку пешаци таму за да се оправда затварање на булевар.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19606 на: 19 Септември 2019, 15:15:50 pm »
Не е работата за пешаците да имаат повеќе простор да шетаат на улица, туку се растеретува центарот од возила, што според мене е добра работа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19607 на: 19 Септември 2019, 15:24:01 pm »
Центарот повеќе ќе се растерети ако се преместат институциите од центар.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19608 на: 19 Септември 2019, 15:25:26 pm »
Центарот повеќе ќе се растерети ако се преместат институциите од центар.
Највеќе.


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19609 на: 19 Септември 2019, 15:31:18 pm »
80% од луѓето што работат и вршат работа во институциите што се на рекорд и во близина, не мораат да стигнат до истите исклучиво со автомобил.

Но како што кажав претходно, не се решава проблемот само со затварње улица или со поскапување паркинг. Треба стратегија која мора да се спроведува на сите ниво. Добар јавен транспорт (релативно чист и релативно точен и во доволен број), добри услови за алтернативен транспорт (точаци, мотори, пешки, тротинет и не знам што) и комплицирање на функционирањето со автомобил. Јас дури би вовел и некакви субвенции за недоаѓање со кола на работа. Лаик сум на оваа тема, али сигурно може да препишеме решенија од пола од европските градови кои ги натерале луѓето да олабават со возење коли.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19610 на: 19 Септември 2019, 15:32:59 pm »
80% од луѓето што работат и вршат работа во институциите што се на рекорд и во близина, не мораат да стигнат до истите исклучиво со автомобил.

Но како што кажав претходно, не се решава проблемот само со затварње улица или со поскапување паркинг. Треба стратегија која мора да се спроведува на сите ниво. Добар јавен транспорт (релативно чист и релативно точен и во доволен број), добри услови за алтернативен транспорт (точаци, мотори, пешки, тротинет и не знам што) и комплицирање на функционирањето со автомобил. Јас дури би вовел и некакви субвенции за недоаѓање со кола на работа. Лаик сум на оваа тема, али сигурно може да препишеме решенија од пола од европските градови кои ги натерале луѓето да олабават со возење коли.
До 10KW моторцикли да може да се возат со Б категорија е најлесниот почеток и целосно решение на проблемот со автомобилите во Скопје.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19611 на: 19 Септември 2019, 15:36:08 pm »
centarot e optereten zatoa sto nema alternativa da pomines od istocniot del kon zapadniot osven niz cenatr. Noo bidejki ne se sposobni da izvedat nekoj poozbilen soobrakajen zafat, tije praat inzenersko cudo i zatvaraat centar za soobrakaaj ;)   @()%#@
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19612 на: 19 Септември 2019, 15:41:50 pm »
80% од луѓето што работат и вршат работа во институциите што се на рекорд и во близина, не мораат да стигнат до истите исклучиво со автомобил.

Но како што кажав претходно, не се решава проблемот само со затварње улица или со поскапување паркинг. Треба стратегија која мора да се спроведува на сите ниво. Добар јавен транспорт (релативно чист и релативно точен и во доволен број), добри услови за алтернативен транспорт (точаци, мотори, пешки, тротинет и не знам што) и комплицирање на функционирањето со автомобил. Јас дури би вовел и некакви субвенции за недоаѓање со кола на работа. Лаик сум на оваа тема, али сигурно може да препишеме решенија од пола од европските градови кои ги натерале луѓето да олабават со возење коли.

Не е само тоа. Ќе ти дадам и друг пример.

Конкретно - на новиов автопат Штип - Скопје сеуште нема никој јавен превозник концесија. И да им дадат - не им се исплаќа, нема од каде да соберат патници како што пример, Струмица Експрес собира од Велес. Го избегнуваат баш заради тоа.

Има еден куп луѓе што патуваат со сопствени коли за Скопје. Дај им субвенции на приватњациве, нека направат некоја конкуретна цена за повратен билет. Јас прв би одел ако направат 200 денари повратна Штип - Скопје преку автопатов. Прв, а пази патувам со кола и знам колку брзо и лесно се стигнува. Со една субвенционирана линија т.е со една линија од 06:30 часот, ќе решат минимум 7-8 коли на дневно ниво само од Штип. Звучи премалку, ама од некаде мора да се почне.

Но исто така знам и дека колата ми се троши механички и ми доаѓаат кварови и сервиси кои доаѓале поретко или скоро никогаш порано. Компромиси...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19613 на: 19 Септември 2019, 15:43:49 pm »
centarot e optereten zatoa sto nema alternativa da pomines od istocniot del kon zapadniot osven niz cenatr. Noo bidejki ne se sposobni da izvedat nekoj poozbilen soobrakajen zafat, tije praat inzenersko cudo i zatvaraat centar za soobrakaaj ;)   @()%#@
Не прават чудо туку промовираат проект 10 години стар без 2 грама мозок. Околу тротинетите, велосипедите и патеките јас редовно ги користа патеките цело лето, малку ми мрчат ама во принцип оставаат место да поминам пошто скутерот се слуша.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19614 на: 19 Септември 2019, 15:46:23 pm »
80% од луѓето што работат и вршат работа во институциите што се на рекорд и во близина, не мораат да стигнат до истите исклучиво со автомобил.

Но како што кажав претходно, не се решава проблемот само со затварње улица или со поскапување паркинг. Треба стратегија која мора да се спроведува на сите ниво. Добар јавен транспорт (релативно чист и релативно точен и во доволен број), добри услови за алтернативен транспорт (точаци, мотори, пешки, тротинет и не знам што) и комплицирање на функционирањето со автомобил. Јас дури би вовел и некакви субвенции за недоаѓање со кола на работа. Лаик сум на оваа тема, али сигурно може да препишеме решенија од пола од европските градови кои ги натерале луѓето да олабават со возење коли.

Не е само тоа. Ќе ти дадам и друг пример.

Конкретно - на новиов автопат Штип - Скопје сеуште нема никој јавен превозник концесија. И да им дадат - не им се исплаќа, нема од каде да соберат патници како што пример, Струмица Експрес собира од Велес. Го избегнуваат баш заради тоа.

Има еден куп луѓе што патуваат со сопствени коли за Скопје. Дај им субвенции на приватњациве, нека направат некоја конкуретна цена за повратен билет. Јас прв би одел ако направат 200 денари повратна Штип - Скопје преку автопатов. Прв, а пази патувам со кола и знам колку брзо и лесно се стигнува. Со една субвенционирана линија т.е со една линија од 06:30 часот, ќе решат минимум 7-8 коли на дневно ниво. Звучи премалку, ама од некаде мора да се почне.

Но исто така знам и дека колата ми се троши механички и ми доаѓаат кварови и сервиси кои доаѓале поретко или скоро никогаш порано. Компромиси...


Ете и тоа. Не сум стручен на оваа тема, али дефинитивно има веќе готови решенија низ светов. Само треба малце мозок, малце желба и може да се придвижат работиве. Али еве веќе 30та година не знаеме каде тераме :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19615 на: 19 Септември 2019, 16:02:49 pm »
Центарот повеќе ќе се растерети ако се преместат институциите од центар.

...додека зградава дреме  две третини празна...




Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19616 на: 19 Септември 2019, 16:16:04 pm »
Не ќе да е 2/3 празна. Има доста институции тука преселено, не знам точно колку.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5000
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19617 на: 19 Септември 2019, 16:46:14 pm »
Аааа значи може да ја прекрстиме во палата на неработниците :D(со чест на исклучоци)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19618 на: 20 Септември 2019, 18:16:12 pm »
Кога ќе се сфати дека булеварите не се автопат и дека нема спора, брза лента >:(

Споро му било што возам 60/65 па сакаше да ме претица од десна лента. Ќе се зденеше во застаната кола. Потоа ме стигна, ми гестикулираше дека требало да возам на десна (спора) лента, поради мене ќе се зачукал во запрената кола, па прејде пред мене и 2,3 пати газеше на кочница...

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #19619 на: 20 Септември 2019, 20:11:04 pm »
Ја обично низ град после радариве не возам појќе од 60-70, воглавно гледам да не сум над 80 по булевариве, дозволата ми носи леб и многу ми е битно да не добијам забрана. Ако има некој нека крши глава си возам по средна, нек иде. Но и мене ми се случи истото пред некое време, со комбе бев возев 70 некаде во левата пошто и ќе вртев лево подоле, блендаше блендаше позади мене и ме помина од десно и искоментира нешто во стилот ,,тргни се да возам'' така нешто. Страшно неписмен народ. Да проаѓаш често по еден ист булевар каде што постојано мерат и мерат секојдневно со троножциве и пак да возиш брзо треба или да ти фали нешто или да имаш значка. Пошто ако имаш значка можеш да правиш што сакаш во оваа држава.

И уште нешто да спомнам, кога ќе научат одредени луѓе дека рикверц не се враќа со глава свртена позади? И кога ќе научат како се вози на кружен тек? Доаѓа од нова македонија према кружниот кај католичка, има знак пред него за кружен тек и триаголник ( крстосување на пат со првенство на минување), јас веќе влезен во кружниот, ќе се залепеше во мене странично па уште свири глупавиот. И кога ќе научат дека од десна/втора лента последна на кружен тек не се оди лево, на трет излез, се оди или десно, или право. Си има доле хоризонтална сигнализација, си има знак од која лента кај се вози, јас не знам до толку што не им е јасно.