Јас колку што разбрав паркот од жена парк ќе се прошири до собрание, а пешачката зона е од таму до булеварот кај палома бјанка и нема автобуси.
Идејата улицата „Димитрија Чуповски“ да биде пешачка зона е стара речиси две децении, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата „Даме Груев“ во булевар. Со ова е предвидено сообраќајот да биде забранет од крстосницата кај „Палома Бјанка“ до крстосницата кај Собрание.
едит
– Се планира целосно откупување и рушење на зградата „Макоил“, по што би се проширила улицата Даме Груев. По завршување на овие постапки, ќе се отвори можноста за интервенција на просторот на улицата Димитрие Чуповски, каде во план е тој дел да добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот „Жена борец“ да се прошири кон Собранието – велат од Град Скопје.
и да банзаи е во право, ќе било само за јавен превоз дозволено.
Повторно фотељашка идеја.
А од паркингот на ГТЦ ќе се телепортираме?
Пристапот на паркингот нема да биде проблем и со проширување на паркот зошто јас како што разбирам прошорувањето е кон собранието а не кон градска болница. Веројатно излегувањето од паркингот ќе биде каде што се влага.
Да видиме, пошто го најавуваат демек за година дена ќе било ќе помине времето брзо.
Мене многу побитно ми е уствари како мислат булеварот даме груев да го прошират, особено кај полицијата беко таму е ужас, пошто по оваа логика таму нема да биде повеќе еднонасочен сообраќајот.